Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глориа Марија Милагроса Фахардо Гарсија де Естефан, професионално позната како Глориа Естефан е родена на 1 септември 1957 година. Таа е кубанска пејачка и глумица. Позната и под името ,,кралица на латино поп-музиката,,, таа е во топ 100 најпродавани музички артисти[1][2] со продадени над 100 милиони албуми ширум светот, од кои дури 31.5 милиони се во САД. Има добиено 7 Греми награди и е најзначаен латино изведувач.
Глориа Естефан | |
---|---|
Познат(а) и како | Глориа |
Роден(а) | 1 септември 1957 Хавана, Куба |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1977 - |
Мреж. место | www.gloriaestefan.com |
Глориа Марија Милагроса Фахардо е родена на 1 септември 1957 година во Хавана, Куба. Семејството на Глориа се преселило во Индиана како резултат на кубанската револуција и се сместиле во Мајами, Флорида.[3] [4] [5] Кратко по оваа преселба, таткото на Глориа се придружил на Американската војска[6] и војувал во Виетнамската војна. По враќањето од Виетнам нејзиниот татко се раболил и Глориа и помагала на својата мајка. Нејзината мајка работела како учителка.[7] [8] Кога била на универзитет работела како англоско-шпанско-француски преведувач.
Глориа и нејзиниот сопруг Емилио Естефан се венчале на 2 септември 1978 година. Емилио Естефан бил познат музичар во еден бенд во Мајами. Тие имаат син, Најиб (роден на 2 септември 1980 година) и ќерка Емили Мари (роденан на 5 декември 1994 година). Живеат во Star Island, Мајами.
Почнувајќи од 1977, бендот Miami Sound machine со Глорија Естефан започнал со снимање и издавање неколку албуми. Првиот албум бил во 1977 година. Кога согледале дека нивната популарност непрестајно растела во САД, но и во други држави во светот, продолжиле да издаваат албуми со забрзано темпо. Песната ,,Жешки летни ноќи,, била издадена во 1984 година и беше дел од филмот ,,Топ ган,,.[9]
Нивниот следен албум е во 1987 година, мулти-платина, којшто бил продаден во 6 милиони примероци во САД.
Во 1988 годјна, името на бендот се смена од ,,Miami Sound Machine,, во ,,Глориа Естефан и Miami Sound Machine,,.[10]
Во 1989 година по огромниот светски успех на синглот ,,Нешто за тебе,,, бендот го издадоја првиот албум наменет за британскиот аудиториум, каде што беше распродаден во повеќе од 1 милион примероци. Беше најпродаван албум и во Холандија, задржувајќи се на првата позиција дури 22 седмици. Овој албум во огромен број примероци бил распродаден и во Австралија и Канада, давајќи и на Глориа Естефан статус на суперѕвезда.
Во доцните 1989-те таа го издаде нејзиниот најпродаван албум Cuts Both Ways. Албумот вклучува голем број хит синглови. Додека траела турата за промоција на нејзиниот албум, на 20 март, 1990 година, близу Скрентон, Пенсилванија, Естефан била сериозно повредена во сообраќајка која ја предизвикало некое комбе.[11] Веднаш била префрлена во најблиската болница, а утредента со хеликоптер била префрлен во Њујорк каде што ѝ била направена операција. По 10 месеци од операцијата таа ја продолжила турата.[12]
Естефан го објавила својот нов албум насловен како „Wepa“.
Покрај 7-те Греми награди, Естефан има добиено голем број други награди. Во 1993 година добила медал на честа, што е најзначајна награда што може да биде доделена на натурализиран американски државјанин.[13] Има добиено и награда на MTV музичките награди.[14] Има своја ѕвезда на патеката на славните во Холивуд.[15]
Во ноември 2008 година е прогласена за латино личност на годината и добива награда на латино греми наградите.[16] Таа е првиот женски изведувач што ја добива оваа награда.
Во април 2010 година, Глориа естефан и нејзинио сопруг Емило добиле свои ѕвезди на патеката на ѕвездите во Лас Вегас.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.