музички портал From Wikipedia, the free encyclopedia
AllMusic[2] (порано: All Music Guide или AMG)[3] — музички портал во сопственост на All Media Network, LLC, основано во 1991 г. од архвиварот на популарна култура Мајкл Ерлевајн како водич за потрошувачите. Следната година е објавено првото прирачно дело. Кога првпат излегло на семрежјето, AMG било поставено на основа на протоколот Gopher, пред воведувањето на светската пајажина. Во подоцнежниот дел на 2007 г., AMG прешло во рацете на претпријатието Macrovision (сега Rovi) за 72 милиони долари.[4]
Логото на AllMusic | |
Вид место | семрежна база на музички албуми, музичари и песни; вклуч. рецензии и биографии |
---|---|
Достапно на | англиски |
Сопственик | All Media Network, LLC |
Создавач | Мајкл Ерлевајн |
Адреса | AllMusic.com |
Место на Алекса | 2.490 (април 2014)[1] |
Комерцијално | да |
Зачленување | незадолжително |
Во јули 2013 г. Rovi ги продале владенијата на AMG — AllMusic.com, AllMovie.com и AllGame.com на претпријатието All Media Network, LLC.[5], кое пак е создадено од првичните основачи на SideReel.com и Ackrell Capital.[6]
All Media Network, LLC има седишта во Сан Франциско и Ен Арбор, САД.
Базата на податоци на AllMusic е лиценцирана и се користи во наплатните системи на некои продавници. Ги опфаќа следниве поединости:
AllMusic тврдат дека ја имаат најголемата дигитална музичка база со околу 6 милиони песни, како и најголемата библиотека на омоти (преку половина милион).
Нивната база се користи во неколку поколенија на преслушувачите Windows Media Player и Musicmatch Jukebox за распознавање на музичките содржини и нивно организирање. Windows Media Player 11 и составната музичка продавница MTV Urge ја имаат проширено употребата на податоци од AllMusic со поврзани музичари, биографии, рецензии, изведбени списоци и други податоци.
AllMusic се користи како извор на каталожни податоци, биографии на музичари, рецензии на албуми, информации за поврзани музичари, изведбени списоци и други информации на музичките продавници iTunes Music Store, Zune Marketplace, Zune player, eMusic, AOL, Yahoo!, Amazon.com и други. AllMusic исто така претставува основа на базта Naim Extended Music на изведувач Naim HDX.
In 2011 г. Rovi известиле дека AllMusic, заедно со AllMovie and AllGame имаат три милиони поединечни посетители месечно.[7]
Во август 2007 г., списанието PC Magazine го вброило AllMusic во списокот на „Најдобри 100 класични мрежни места“.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.