Лацен
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лацен (германски: Laatzen) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер.
Лацен
Laatzen | |
Поглед на Градското собрание на градот Лацен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Јирген Кене (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 34,05 км2 |
Надм. височина | 46 м |
Население | 42.675 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.253 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30880 |
Повик. бр. | 0511 / 05102 |
Портал | www.laatzen.de |
Местоположба на градот Лацен во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°19′0″N 9°48′0″E |
Лацен се наоѓа на Лајне. Реката ја образува западната граница на градот.
Градот се граничи, почнувајќи од југозапад, со Патензен, Хеминген, Хановер и Зенде (Регион Хановер), како и со Алгермисен и Зарштет (Округ Хилдесхајм).
Лацен се состои од местата Алт-Лацен, Грасдорф, Лацен-Мите, Ретен, Глајдинген и Ингелн-Еселзе.
Во 1964 година, општините Лацен (денес, околу 22.000 жители) и Грасдорф (3.500 жители) се споиле во градот Лацен. Во 1974 година, градовите Ретен/Лајне (8.100 жители), Глајдинген (4.300 жители) и Ингелн-Еселзе (3.700 жители) биле додадени во градот.
Лацен е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.