Зарштет
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зарштет (германски: Sarstedt; латински: Kertzstadensis;[2] долногермански: Sassti’e) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има околу 18.500 жители. Зарштет е близу Хановер. Железничката станица во Зарштет се наоѓа на Хановерската јужна железница и е опслужувана од Хановерската С-железница.
Зарштет
Sarstedt | |
Железничката станица во Зарштет | |
Грб на Зарштет | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Хајке Бренеке (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 42,94 км2 |
Надм. височина | 64 м |
Население | 19.735 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 460 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31157 |
Повик. бр. | 05066 |
Портал | www.sarstedt.de |
Местоположба на градот Зарштет во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 52°14′22″N 9°51′38″E |
Поранешната општина Гифтен станала дел од градот Зарштет на 1 март 1974 година.
Зарштет се наоѓа околу 13 километри северозападно од Хилдесхајм и 21 километар југоисточно од Хановер. Помеѓу 1885 и 1946 година бил единствен и најсеверен град во округот Хилдесхајм. Западно од градот поминува реката Инерсте, во која се влева потокот Брухграбен. Зарштет на исток се граничи со Алгермисен, на југоисток со Харзум, на југ со Гизен и Барнтен (од 1974 година дел од Нордштемен) (сите во округот Хилдесхајм), на северозапад со Патензен и на север со Лацен (обете во регионот Хановер).
Со општинската реформа во 1974 година, кон Зарштет биле придодадени шест општини:
Во самиот град Зарштет живеат околу 14.600, додека заедно со останатите градски единици има 18.626 жители (сост. 31 декември 2014 г.)
Градоначалничка на Зарштет е Хајке Бренеке (SPD), која била избрана во септември 2014 година.[3] Нејзин претходник бил Карл-Хајнц Вондрачек (SPD).
Зарштет е збратимен со следниве општини:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.