Латен
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Латен (германски: Lathen) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Латен | |
Селската црква во Латен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Емсланд |
Општ. заед. | Латен |
Месни единици | 5 |
Градоначалник | Норберт Холтерман (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 38,02 км2 |
Надм. височина | 13 м |
Население | 7.041 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 185 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EL |
Пошт. бр. | 49762 |
Повик. бр. | 0 59 33 |
Местоположба на Латен во рамките на округот Емсланд | |
Координати | 52°52′0″N 7°19′0″E |
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Во Латен се наоѓал објектот за тестирање на пробна пруга за магнетнолебдечки воз „Трансрапид“.
Латен се наоѓа помеѓу Дерпен и Харен на реката Емс и на каналот Дортмунд-Емс. Осум километри источно започнува Химлинг, шумски ридски масив.
Латен се граничи на север со општините Фрезенбург и Ренкенберге, на исток со општината Зегел во истоимената општинска заедница, на југ со градот Харен и на запад со општините Оберланген, Зуструм и Нидерланген.
Покрај главното место Латен, кон општината припаѓаат местата Катен-Фракел, Хилтер, Катен-Зидлунг, Динефен и Латен-Ван.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.