Зегел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зегелmap

Зегел (германски: Sögel) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Зегел во рамките на округот Емсланд ...
Зегел
Thumb
Главниот плоштад
Главниот плоштад
Thumb
Грб на Зегел
Thumb
Зегел
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругЕмсланд
Општ. заед.Зегел
ГрадоначалникГинтер Вухерпфених (ДХС)
Основни податоци
Површина55,2 км2
Надм. височина35 м
Население 8.446 (31 декември 2022)[1]
 - Густина153 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.EL
Пошт. бр.49751
Повик. бр.0 59 52
Местоположба на Зегел во рамките на округот Емсланд
Thumb
Карта
Координати52°51′0″N 7°31′0″E
Затвори

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Во Зегел се наоѓа дворецот Клеменсверт подигнат во периодот 1737-1749 од Јохан Конрад Шлаун за изборниот кнез Клеменс Август Баварски.

Географија

Местоположба

Зегел се наоѓа на јужниот раб од Химлинг, а источно од него се наоѓа изворишното подрачје на Нордраде, притока на Емс.

Соседни општини

Зегел на север се граничи со општините Верпело и Шпанхаренштете, на исток со општините Верлте и Лан во општинската заедница Верлте, на југ со општините Хивен, Клајн Берсен и Грос Берсен и на запад со општината Штаверн, како и со општините Латен и Ренкенберге во општинската заедница Латен.

Историја

Поголемиот дел од средиштето на населбата било уништено од канадската војска откако градот бил освоен во април 1945 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.