From Wikipedia, the free encyclopedia
Источносибирската тајга — екорегион во биомот на тајгата и бореалните шуми, е многу голем биогеографски регион во источна Русија.
Овој огромен екорегион се наоѓа во срцето на Сибир и се протега на над 20° географска ширина и 50° географска должина (52° до 72° С и 80° до 130° И). Климата во источно-сибирската тајга е субарктичка (тропска листопадна и иглолисна) и е со високи одлики на континентална клима, со екстреми од 40 °C (104 °F) до −62 °C (−80 °F) . Зимите се долги и многу студени, но суви, со малку снежни врнежи поради ефектите на сибирскиот антициклон. Летата се кратки, но може да бидат и прилично топли во северната локација.
Врнежите се мали и се движат од 200 до 60 милиметри, а притоа се намалуваат од исток кон запад. Топографијата на овој екорегион е разновидна, составена од широки, рамни низини и области на карстна топографија. За разлика од соседната западносибирска тајга, има видлива отсутност на големи мочуришта и водни живеалишта. Некои дрвја исто така годишно ги менуваат своите лисја, што е одлика на листопадните шуми.
Растителноста се состои главно од огромни, густи шуми на гмелинов ариш (Larix gmelinii), со сибирски ариш ( Larix sibirica ) и хибриди помеѓу гмелиновиот и сибирскиот ариш (Larix x czekanowskii) кои се појавуваат движејќи се кон запад. Грмушките од брусница (Vaccinium oxycoccus) и боровинка (Vaccinium myrtillus) доминираат во растителноста под дрвјата.
Низ целиот регион може да се најдат помали области во кои доминира сибирскиот бор (Pinus sibirica), белиот бор (Pinus sylvestris), сибирската смрека (Picea obovata) и сибирската ела (Abies sibirica). Боровите шуми и листопадните шуми составени од видови бреза и топола стануваат сѐ почести кога се движиме кон југ, а на изворите на реките Лена и реката Нижњаја Тунгуска, како и во сливот на реката Ангара, може да има степски и џбунесто-степски заедници кои може да се видат веднаш до областите со лесостепа.
Овој регион содржи најголем број кафени мечки (Ursus arctos collaris), евроазиски волк (Canis lupus), лос (Alces alces) и див ирвас (Rangifer tarandus) во Русија. Движејќи се кон југ, цицачите во источносибирската тајга вклучуваат сибирски мошусен елен (Moschus moschiferus ), алтајски вапити познат и како азиски вапити (Cervus canadensis sibiricus ) и дива свиња (Sus scrofa). Птиците во овој екорегион ги вклучуваат: златен орел (Aquila chrysaetos), сив сокол (Falco peregrinus), орел-рибар (Pandion haliaetus), лештарка (Tetrastes bonasia), сибирски тетреб (Falcipennis falcipennis), мал тетреб (Lyrurus Tetrix), голем тетреб (Tetrao urogallus), црн штрк ( Ciconia nigra), жерав (Grus monacha), црна врана (Corvus corone), сибирско сино и долгоопашесто свиларче (Luscinia cyane и L. sibilans), славеј (Luscinia luscinia), зеба (Carpodacus roseus), четириока патка (Bucephala clangula) и бајкалска патка ( Anas formosa ).
Иако е заштитен мал дел од овој екорегион, неговиот статус на зачувување е наведен како „Релативно стабилен/недопрен“. Заштитените области во овој екорегион ги вклучуваат:
Сите се „Заповедници“, (т.е. строги еколошки резерви). Главните закани за интегритетот на овој екорегион се ловокрадството и чистата сеча во јужните и централните делови на регионот.
По распадот на Советскиот Сојуз, дојде нова закана. Во Кина има малку шума, а кинеските претприемачи (поради недостаток на шума и поттикнати од силниот економски раст) почнаа да покажуваат интерес за шумата од Руската Федерација. Високото ниво на корупција и некои други причини им овозможија да ја постигнат својата цел. Се усвои нов закон - Федералниот закон 473-FZ, кој ги штити правата на странските компании во Руската Федерација, а кинеските дрвосечачи започнаа да ги уништуваат сите дрвја на изнајмената земја (и многу надвор од изнајменото земјиште). Имало бројни обиди за уништување на шумите во заштитеното поплавно подрачје на реките. Поради големата нанесена штета на животната средина, нивните активности предизвикаа протести од страна на мештаните и Светскиот фонд за природа.[1][2] Дејствата на кинеските компании претставуваат закана за домородното население на Сибир и на Далечниот Исток, и притоа ги лишуваат од нивното живеалиште и традиционалните начини на живот. Целосното уништување на шумите од страна на кинеските компании создава дополнителна закана за ретките и загрозени видови како што се сибирскиот тигар, амурскиот леопард, источносибирската кафеава мечка и др.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.