From Wikipedia, the free encyclopedia
Брусница (науч. Vaccinium subg. Oxycoccus) — подрод на родот боровинки (Vaccinium) од семејството на вресовите (Ericaceae). Тоа е група на џуџести жбунести зимзелени растенија кои растат во мочуриште на северната полутопка. Ја сочинуваат четири вида: Vaccinium erythrocarpum, Vaccinium macrocarpon, Vaccinium microcarpum и Vaccinium oxycoccos. Плодовите на свите врсти на брусница можат да се јадат и имаат широка примена во прехранбената индустрија, и во индустријата на лекови.
Брусница | |
---|---|
Полупотопена грмушка | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Вресовидни |
Семејство: | Вресови |
Род: | Боровинки |
Подрод: | Брусница (Hill) A.Gray |
Видови | |
Vaccinium erythrocarpum |
Латинското име на подродот oxycoccos потекнува од грчкиот збор ὀξύς - „кисело” и κόκκος - „бобинка” и е во потесна врска со вкусот на плодовите. Доселениците во Нова Англија за време на XVII век овие растенија често се нарекувале и „медени бобинки” бидејќи зрелите плодови биле омилена храна на мечките.
Американските домородци се меѓу првите плодови на брусница кои се користени во исхраната. Првата званична фарма на брусница во Северна Америка ја основал Хенри Хол во 1816 година, а за време на 1820-тите почнале и првите испорачки во Европа. Во САД брусницата традиционално се јаде за време на Божиќ и Денот на благодарноста.
Сите врсти на брусница се ползечки вечнозелени грмушки со тенки гранки со должина од 15 до 30 см. Кореновиот систем е многу долг, а на коренот живеат габички, кои се поврзани со биолошки клетки образувајќи ја микоризата (симбиотски облик на интеракција измеѓу габите и корените на големите растенија). Габичките од земјиштето ги земаат хранливите материи, ги разградуваат и потоа ги носат до кореновиот систем кој го храни растението.
Листовите се со должина од 3 до 15 мм и ширина од 1−6 мм. Листовите се со темнозелена боја од страна на лицето, и пепеласто бела на обратната страна, и не паѓаат преку зимата. Долниот дел на листот обложен е со восок кој ја штити стомата на листот од загушување од мочуришка вода.
Цветовите се бледо виолетови, правилно се свртени кон земјата. Дршката на кој се развиваат цветовите е со должина и до 5 см. На чашката се налаоѓаат по 4 чашкини ливчиња, тие се со шарки наназад. Секој цвет има по 8 прашници и еден толчник. Цветот од мај до јуни трае по 18 дана.
Плодот има округла кон елипсовидна бобинка со црвена боја. Растенијата кои растат во мочуришта даваат покрупен плод и нивните бобици можат да имаат пречник и до 16 мм. Во внатрешноста на секој плод се наоѓаат ситни семки кои птиците преку изметот го разнесуваат, со што се врши размножавањето на растенијата. Секое поединечно растение годишно произведува и по стотина плодови.
Брусницата денес комерцијално се одгледува претежно во САД и во Канада. Во САД најголеми произведувачи се државите Масачусетс, Њу Џерси, Орегон, Вашингтон и Висконсин, а во Канада се државите Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Онтарио, Нова Шкотска, Островот Принц Едвард, Њуфаундленд и Квебек. Во долината на реката Фрејзер во Британската Колумбија се наоѓаат огромни фарми за раст на брусница во кој се произведуваат околу 95 % од вкупната канадска продукција (засадени се околу 1.500 хектари на кој годишно се произведуваат 17 милиони килограми). Помала количина на плантажи се одгледуваат и во јужна Аргентина, Чиле и Холандија, а помалку и во Македонија.
Во 2021 г. во Македонија се произведени 301,57 тони брусници.[1]
Нутритивно гледано, свежата брусница дава 46 килокалории на 100 грама плод. Содржи најмногу вода (87 %), потоа јаглехидрати (12 %), а остатокот го сочинуваат белковини и масти (1%). Од минералот, најзастапени се калиум, фосфор, калциум и манган, а има и железо и сосема малку натриум.
Ова овошје не содржи холестерол, а многу е со редок натриум. Наместо тоа, брусницата изобилува со Витамин Ц, флавоноиди и полифенолоиди соединенија кои позитивно влијаат на здравјето.
Брусницата е богата со антиоксиданси, кверцетин, селен, и со витамините А, Ц и Е), па затоа ова овошје се препорачува во исхраната. Антиоксиданси се, супстанции кои ги чуваат клетките од оксидатиен стрес и погубен впечаток на слободните радикали, кои во организмот настануваат поради различни надворешни влијанија. Овие слободни радикали ја зголемуваат шансата за настанување на болести на срцето, тумор и многу други болести.
Брусницата е добра за смалување на болести на срцето и крвните садови, таа е во прв ред на смалување на зголемените вредности на ЛДЛ холестерол (лош холестерол) и триглицериди во крвта, а го зголемува нивото на ХДЛ холестерол (добар холестерол).
Антицијанидите од брусницата, кои го дава ова овошје светлоцрвена боја, влијаат на спречување на оксидативно оштетување кај ендотелните клетки. Здравствените ефекти на конзумирање на ова овошје со ова не се завршува. Заради нисото содржување на натриумот (а нешто поголемо на калиумот), брусницата делува на снижување на крвниот притисок. Сокот од брусница благотворно делува на проблемите на уринарниот систем
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.