From Wikipedia, the free encyclopedia
Сиви сокол (науч. Falco peregrinus) — птица од на соколите, најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 км/ч. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 км/ч. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темнокафени.
Сив сокол | |
---|---|
Сив сокол (Falco peregrinus) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Штркови |
Семејство: | Соколовидни |
Род: | Сокол |
Вид: | F. peregrinus |
Научен назив | |
Falco peregrinus Тунстал, 1771 | |
Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и средоземниот подвид, нешто помал - F.P.brookei.
Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.