From Wikipedia, the free encyclopedia
Западносибирската тајга (WWF ID: PA0611) е екорегион што ги опфаќа Западносибирската Низина во Русија; од планините Урал во западниот дел до реката Енисеј во источниот дел; и приближно од 56 ° до 66 ° географска ширина. Тоа е огромен, рамен низински регион со бореални шуми познати како тајга и мочуришта (40% од регионот се мочуришта и блато), кој опфаќа површина од околу 1.800 км во насока запад-исток, и 1.000 км во насока север-југ.[1]
Регионот е познат и како Сибирска низина и претставува голем прочистувач на јаглеродниот диоксид од атмосферата во шумите и во мочуришните тресетишта. Исто така е извор на гасот метан.[2] Тресетиштата во Западен Сибир се најголемите во светот, а опфаќаат површина со големина на Тексас.[3]
Екорегионот се наоѓа во центарот во Западносибирската рамнина, рамнинска низина која е само со 100 до 300 метри надморска височина. Западниот раб на регионот се планините Урал, а во западната половина на регионот доминира реката Об со нејзината главна притока, реката Иртиш. Источната граница традиционално се наоѓа западно од реката Енисеј, која тече од југ кон север, над која се наоѓа екорегионот Источносибирска тајга, кој е постуден и нерамен терен. Јужниот раб на регионот се наоѓа северно од појасот на умерените шуми и лесостепата што се протега по Транс-сибирската железница.[1]
Бидејќи Западносибирскиот еко-регион се наоѓа надвор од стандардниот земјоделски и развиен дел на јужна Русија, тој е ретко населен, иако градот Екатеринбург е на крајниот југозападен дел на регионот. Градот Сургут е најголемиот град во внатрешноста на регионот (со нешто повеќе од 300.000 жители). На север се наоѓа тундрата во екорегионот Тундра Јамал-Гидан (која ги опфаќа утоките на реката Об и околните полуострови).[1][4]
На север се наоѓа тундра, со дрворед како зона на премин и кој е со околу 100 км постепено проретчена покривка на дрвата. На југ се наоѓа шумско-степскиот и степскиот појас кој се користи од страна на поголемиот дел од населението и во земјоделството во Сибир, и се протега по северниот раб на Алтајските планини. Регионот е во областа на Палеарктикот (евро-сибирски регион), со субарктичка клима. Опфаќа површина од 1 670 283 км 2.
Сместена далеку од Атлантскиот Океан и во центарот на евроазиската копнена површина, климата на западниот сибирски рамнина е умерено континентална.[5] Климата е под влијание на системите за притисок на сибирскиот висок, кој носи суви, студени зими и Азискиот антициклон, кој има релативно потопли (но сепак студени) лета. Според системот за класификација на климата на Копен, екорегионот има субарктичка клима, исто така наречена „бореална клима“, која се одликува со долги, студени зими и кратки, студени лета.
Температурите се менуваат и по географската ширина низ целиот регион. Во јануари, просечните температури се движат од −15 °C (5 °F) на југозапад до −30 °C (−22 °F) на северозапад. Во лето, опсегот е од 20 °C (68 °F) на југ до 10 °C (50 °F) на север.[5] Бидејќи теренот е рамен, ладните воздушни маси од Арктикот можат длабоко да навлезат во регионот.
На север од екорегионот, климата преминува во клима на тундра, каде просечната дневна температура во ниту еден месец не се искачува над 10 °C (50 °F) и нема висока вегетација со високи дрвја). На југ од екорегионот во шумско-степската преодна зона, климата преминува во влажна континентална клима (Копен), каде што температурните разлики, сезонски и дневни, се поголеми, а врнежите во текот на целата година се порамномерно распоредени.
Рускиот екологист В.В. Алексин изјави дека „генерално тајгата во западносибирскиот регион има три главни одлики: дебела сенка, мочурливост и отсуство на елементи на широколисните шуми“.[6] Малото количество на вода дозволува само одреден раст на вегетација во шумата. Темната тајга (сибирска смрека, сибирска ела и сибирски бор) најмногу се наоѓа во деловите покрај реките каде што количеството на вода е поголемо.
Бидејќи околината е сурова и нема планинарски скривалишта во екорегионот, биоразновидноста кај растенијата е мал. Доминираат пет видови дрвја: трите видови од „темната тајга“ (Picea obovata (сибирска смрека), Abies sibirica (сибирска ела), Pinus sibirica (сибирски бор)) и P. sylvestris (бел бор) и Larix sibirica (сибирски ариш).[7]
Околу 40% од територијата е низинска со блата и мочуришта. Преплавената природа на теренот се должи на рамното земјиште, големата река која тече од југ и фактот дека има поголемо количество на врнежи отколку количество на испарување во регионот.[8] На југозападот од регионот се наоѓа мочуриштето Васијуган, едно од најголемите мочуришта во светот, со тресетиште кое има просечна длабочина од 2,3 метри.[9]
На север кон преодната зона кон тундрата, крошната се отвора и дрвјата се со помал раст и се проретчени, а меѓу нив има лишај.[5] Северно, на околу 60 °С географска ширина, е зоната на изолиран или спорадичен вечен мраз; континуиран вечен мраз се среќава само северно од екорегионот.[2]
Во екорегионот има 80 видови цицачи, но ниту еден од нив не е ендемичен (ниеден вид не се среќава само во Западен Сибир).[5] Голем број птици мигрираат во областа секоја година, но релативно малку видови остануваат во текот на целата година.
Познати заштитени области на Руската Федерација во западносибирската тајга вклучуваат:
Најнепосредна закана претставува големото количество на резерви на нафта и гас пронајдени под оваа област; загадувањето од активности како што се вадењето и преработката особено претставува закана за водните живеалишта.
Единствениот голем град во екорегионот на западно сибирската тајга е Екатеринбург, и тој град се наоѓа во крајниот југозападен дел на регионот. Веднаш надвор од јужната граница се наоѓаат градовите Чељабинск, Тјумен, Томск и Краснојарск. Градот Сургут е најголемиот град во центарот на екорегионот. Инаку, регионот е многу ретко населен. Постојат неколку големи линии за транспорт низ целиот регион; транспортот историски се одвивал на реката Об и реката Иртиш.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.