Витмунд
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Витмунд (германски: Wittmund) — град и административно седиште на округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е најголем град по површина во Источна Фризија, додека по население се наоѓа зад Емден, Аурих, Лер и Норден, на петтото место. Подрачјето на градот е слабо населен.
Витмунд
Wittmund | |
Окружната куќа во Витмунд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Витмунд |
Градски единици | 14 |
Градоначалник | Ролф Клаусен (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 210 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 20.773 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 99 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WTM |
Пошт. бр. | 26409 |
Повик. бр. | 04462 |
Портал | www.wittmund.de |
Местоположба на градот Витмунд во рамките на округот Витмунд | |
Координати | 53°34′30″N 7°46′51″E |
Историски, голем дел од градското подрачје припаѓал на областа Харлингерланд, која во 1600 година станала дел од Грофовијата Источна Фризија. Од 1885 година, Витмунд е седиште на истоимениот округ.
Витмунд се наоѓа помеѓу Аурих и Јефер во североисточниот дел на Источна Фризија. Од градското јадро до брегот има околу 15 километри. Со своите 210,13 квадратни километри, градот се вбројува меѓу десетте најголеми градови во Долна Саксонија, а во Германија се наоѓа на 82. место. Со припојувањето на повеќе околни места со административната реформа во 1972 година, Витмунд е најголем град во Источна Фризија по површина. Со своите околу 20.000 жители, Витмунд е слабо населен.
Од пристанишното место Харлезил сообраќа ферибот кон источнофризискиот остров Вангероге. Витмунд се наоѓа на реката Харле, која извира и се влива во градското подрачје.
На северозапад, Витмунд се граничи со општините Дунум, Штедесдорф, Вердум и Нојхарлингерзил (сите во општинската заедница Езенс во округот Витмунд), на североисток се граничи со општината Вангерланд, а на исток со градот Јефер (обете во округот Фризија), на југ со општината Фридебург (округ Витмунд), а на запад со градот Аурих (округ Аурих).
Окружниот град Витмунд е поделен на следниве 14 градски единици:[2]
|
|
|
Покрај овие места има голем број на други имоти и помали места, кои припаѓаат на овие градски единици.
Витмунд има клима под директно влијание на Северното Море. Климата малку се разликува во градското подрачје како се оддалечува од брегот.[3] Летно време дневните температури се пониски, додека зимно време главно се повисоко отколку во континенталниот дел.
Клима на Витмунд | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 3 | 3 | 7 | 11 | 16 | 19 | 20 | 20 | 18 | 13 | 8 | 4 | 11,9 |
Просечна минимална (°C) | −1 | −1 | 1 | 4 | 8 | 12 | 14 | 13 | 11 | 7 | 3 | 1 | 6 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 64,1 | 44,0 | 56,7 | 48,0 | 57,3 | 74,1 | 79,6 | 72,0 | 79,1 | 76,9 | 86,8 | 75,6 | 814,2 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 19 | 17 | 13 | 15 | 13 | 15 | 17 | 17 | 16 | 18 | 19 | 20 | 199 |
Сончеви часови (дневно) | 1 | 2 | 4 | 6 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 3 | 2 | 1 | 4,2 |
Извор: DWD, Daten: 1961–1990, Витмунд-Блерзум,[4] holidaycheck.de[5] |
Брегот се наоѓа под островите Шпикерог и Вангероге, а помеѓу нив се наоѓа Ваденското Море, кое влегува во рамки на националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој заедно со другите делови на Ваденското Море станале светско природно наследство на УНЕСКО во јуни 2009 година.[6]
Заштитеното подрачје Хоехан се наоѓа во Витмундската шума непосредно северно на патот Б210 и зафаќа 8,5 хектари. Хоехан е под заштита од 1978 година.[7]
Градот Витмунд со својата околина бил населен уште во древни времиња. Бил поврзан со копнените источнофризиски патишта и трговски бил насочен кон соседниот брег. Околу 1200 година, Витмунд бил седиште на руралната парохија (Landgemeinde) Вангерланд, кога бил наречен Видемунд или Видемундхајм (Wiedemund или Wiedemundheim). Територијалните единици на руралните парохии биле одредени врз основа на старите фризиски острови. Езенс бил административно средиште на Харлингерланд.
Семејството Канкена живеела во замок во градот кон крајот на XIV век. Околу 1400 година, силите на Хамбург го окупирале замокот како последица на наводите дека Канкена ги поддржувале пиратите против нив. Подоцна, семејството си го вратило замокот.
Подоцнежниот владетел на Брокмерланд, Фоко Укена, ја искористил слабоста на Канкена ги вклучил во воените операции. Во 1454 година, замокот припаднал на владетелот на Харлингерланд, Зибет Атена. Истата година, Зибет Атена ги обединил владетелите на Езенс, Штедесдорф и Витмунд со цел да ја обезбеди независноста на Харлингерланд против источнофризиските грофови. До 1600 година Харлингерланд, заедно со Витмунд, на крај се приклучиле во Источна Фризија преку политички и семејни спојувања.
Во 1584 година, местото било забележано на карта како Витмонт (Witmondt). Подоцна, градот станал округ (Amt). Во 1730 година, градот бил забележан како Витмунт (Witmundt) на друга карта. Во 1744 година, Источна Фризија била припоена кон Прусија, а потоа на краток период под холандско-француска власт. Во 1815 година станал дел од Кралството Хановер.
Под хановерска власт, во градот бил присутен ланддрост како највисок државен претставник во покраината. Во 1866 година, Источна Фризија повторно станала дел од Прусија. Државата Прусија првично ја презела структурата на постоечките амтови Аурих, Берум, Емден, Езенс, Лер, Штикхаузен, Венер и Витмунд. Од 1884 година, биле пренесени во нова структура на окрузи. Во Источна Фризија биле создадени новите окрузи Аурих, Емден (независен), Лер, Норден, Венер и Витмунд (1885). Поранешните хановерски ланддростови биле претворени во административни окрузи (Regierungsbezirke). Окружната куќа во Витмунд била изградена во 1903 година.
Витмунд добил градски права во 1567 година од страна на Агнес, грофица на Ритберг. Во XVII век, овие права биле повлечени и биле доделени повторно до 1929 година.
Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[8] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[9]
Од 1 ноември 2006 година, градоначалничка на Витмунд е Ролф Клаусен.[10]
Витмунд е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.