Емден
најголем град во Источна Фризија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
најголем град во Источна Фризија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Емден (германски: Emden) — град и пристаниште во северозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот претставува најголем град во областа Источна Фризија. Се наоѓа на устието на реката Емс на северниот брег на заливот Доларт. Со 49.874 жители (2020 г.), Емден е најмал од безокружните градови во сојузната покраина, наоѓајќи се на 21. место на градовите во Долна Саксонија и по Вилхелмсхафен втор најголем град на долносаксонскиот брег.
Емден
Emden | ||
Градскиот дом на ракав од пристаништето | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | безокружен | |
Надградоначалник | Тим Крујтхоф (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 112,33 км2 | |
Надм. височина | 1 м | |
Население | 50.535 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 450 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | EMD | |
Пошт. бр. | 26721, 26723, 26725 | |
Повик. бр. | 04921, 04927 (Кнок) | |
Портал | emden.de | |
Местоположба на градот Емден во рамките на округот безокружен | ||
Координати | 53°22′1″N 7°12′22″E |
Градот бил основан во 800 година како фризиско трговско место и до денес се развил како важно пристаниште и индустриско место. Во XVI век, покрај Женева и Витенберг, Емден претставува еден од најзначајните градови на Реформацијата.
Емден се наоѓа во северозападниот дел на Германија во историската област Источна Фризија и е најзападниот пристаништен град во Германија. Се наоѓа на северниот раб од устието на Емс во Северното Море, а јужно од градот се наоѓа заливот Долар. Емденското пристаниште се наоѓа 38 километри морски милји од устието на Емс кај островот Боркум. Кај Кнок, најзападната точка на градското подрачје на Емден, се наоѓа крајната југозападна точка на Источнофризискиот Полуостров.
Други поголеми градови во близина се Олденбург (околу 70 километри југоисточно), Бремен (околу 110 километри источно), Гронинген (околу 50 километри западно, како и Вилхелмсхафен (околу 60 километри источно).
Климата во Емден е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку подлабоко во копното.
Клима на Емден | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна температура (°C) | 1,3 | 1,5 | 4,1 | 7,3 | 11,8 | 14,9 | 16,4 | 16,3 | 13,7 | 10,0 | 5,6 | 2,6 | 8,8 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 67,1 | 45,5 | 62,3 | 48,6 | 60,2 | 70,5 | 82,1 | 72,8 | 66,6 | 72,8 | 83,0 | 73,5 | 805,0 |
Сончеви часови (дневно) | 1,32 | 2,57 | 3,61 | 5,36 | 6,77 | 6,60 | 6,26 | 6,35 | 4,73 | 3,09 | 1,90 | 1,03 | 4,1 |
Извор: Германска временска служба |
Градот се граничи со следниве општини (од северозапад кон исток): Крумхерн, Хинте, Зидброкмерланд и Илов (сите во округот Аурих), како и Мормерланд (округ Лер). На југ како и на запад се граничи со Емс и со Доларт. На спротивниот брег на Емс како и на Доларт се наоѓаат општините Јемгум и Бунде (округ Лер), како и холандскиот брег, градот Делфзејл и општината Олдамбт. Иако островот Боркум припаѓа на округот Лер, единствената копнена врска со германското копно е преку Емден.
Помеѓу Емден и Хинте постојат интензивни врски и Хинте е негово предградие. При административната реформа во 1972 година се дискутирало, дали денешната општина Хинте да биде припоена кон Емден.
Емден има 20 градски единици,[2] кои во градската статистика не се водат сите поединечно. Во минатото имало трипати припојувања: 1928, 1945 и 1972.
Градското средиште е поделено на следниве четврти: Алтштат, Бехерденфиртел, Бентинксхоф, Болтентор, Грос-Фалдерн и Клајн-Фалдерн. Трите најголеми градски единици на градот Емден се градскиот центар (8.950 жители), Баренбург (7.015 жители) и Борсум/Хилмарзум (6.046 жители).
Емденското пристаниште се простира на повеќе градски единици: Порт Артур/Трансвал, Борсум, (Колони) Фризланд и Штатцентрум.
Не е познато кога настанал Емден, но се знае дека населбата постоела уште од VIII век под постарите имиња Амутон, Ембда, Емда, Ембден и Ембдерланд. Во 1495 година, светиот римски цар Максимилијан I ја прогласил населбата за град.
Во XVI век Емден за кратко станал важен центар на протестантската реформација под власта на грофицата Ана Олденбуршка која била решена да изнајде трето решение помеѓу лутеранството и католицизмот. Во 1542 година таа го поканила полскиот благородник Јан Ласки да стане свештеник на протестантската црква во Емден;[3]:xi и тој седум години ја ширел новата вероисповед низ Источна Прусија. Меѓутоа, во 1549 година под притисок на царот Карло V грофицата морала да го ослободи Ласки од должноста, и тој прешол во Англија, со тоа ставајќи му крај на експериментот. Сепак, неговата оставнина одиграло важна улога за реформацијата во Холандија.
На крајот од XVI век градот бил во голем расцут. Поради шпанската блокада на фламанските и брабантските пристаништа на почетокот од Холандската буна, Емден станал најважното претоварно пристаниште на Северното Море. Од овие краишта дошле илјадници протестантски бегалци за да избегаат од прогонствата на шпанската власт во Ниските Земји. Во тој период градот бил претежно калвинистички, и дошол во судир со лутеранските грофови во Источна Фризија. Со Емденската револуција од 1595 година, Емден станал посебен град-држава.[4] Со поддршка од Холандската Република, Емден станал слободен град под холандска закрила. Брабантскиот дијалект станал службен јазик во трговијата и управата.
Во текот на XVII век Емден важел за многу богат град поради големиот број на холандски и фламански доселеници како Дидрик Ј. Граф. Во тоа време градот бил центар на реформираното протестантство. Политичкиот теоретичар Јован Алтузиј служел како правен началник на Емден од 1604 до 1638 година.[3]:xii
Во 1744 година, Емден бил припоен кон Прусија. Во 1752 година, Фридрих Велики ја основал Емденската компанија со цел да ја развие трговијата со Кантон во Кина, но компанијата била уништена кога француската војска го зазела градот во 1757 година за време на Седумгодишната војна. Англиско-германските единици го повратиле Емден во 1758 година и остатокот од војната Британците го користеле како важна база за залихи во тековната војна во Вестфалија.
За време на Наполеон, Емден и околните краишта во Источна Фризија влегле во краткотрајното Кралство Холандија.
Индустријализацијата започнала околу 1870 година со отворањето на погон за производство на хартија и проширувањето на бродоградилиштето. Кон крајот на XIX век е изграден големиот Канал Дортмунд-Емс кој го поврзувал Емден со индустриската област Рур. Со ова градот станал „морското пристаниште на Рур“, што траело сè до 1970-тите. Тука од југ доаѓал јаглен, а увезената железна руда по каналот се превезувала до реките Рајна и Рур. Последниот рудопревозен брод престанал да работи во 1986 година.
Во 1903 година е основано бродоградилиштето „Северноморски завод“ (Nordseewerke), кое работело сè до 2010 година.
Градскиот центар бил скоро наполно срамнет со земја во сојузничкото бомбардирање за време на Втората светска војна, уништувајќи ги речиси сите историски градби. Британското воздухопловство почнало со операциите на 31 март 1940 година. Најтешкото бомбардирање е извршено на 6 септември 1944 година кога се уништени околу 80 отсто од сите куќи. Овој датум до денес останал во сеќавање на жителите. Бродоградилиштето останало практично недопрено бидејќи целта на Британците било цивилното население.[5] Обновата на градот почнала на 6 септември 1962 г. — точно 18 години по бомбардирањето.
Градскиот совет на градот Емден се состои од 40 члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. Градот до 2016 година бил упориште на SPD.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[6]
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
SPD | 35,93% | 14 места |
Заедно за Емден | 9,87% | 4 места |
CDU | 17,99% | 7 места |
FDP | 12,7% | 5 места |
Сојуз 90/Зелени | 14,21% | 6 места |
Левица | 5,15% | 2 места |
Ди Партај | 1,88% | 1 место |
независен | 1,59% | 1 место |
Градоначалник на Емден е Тим Крујтхоф (независен).
Емден е збратимен со следниве градови:[7]
Главни стопански гранки се автомобилската индустрија и бродоградбата. „Фолксваген“ има голема фабрика каде го изработува моделот Фолксваген Пасат и вработува 10.000 луѓе. Емденското пристаниште е меѓу трите најголеми пристаништа во Европа за превоз на атомобили (заедно со Зебруге во Белгија и Бремерхафен во Германија). Во 2005 г. пристаништето увозно-извозен промет на вкупно 850.000 возила. Бродоградилиштето Северноморски завод (подружница на ТисенКруп) вработувал 1.400 пристанишни работници, со посебен нагласок на подморници. Во него се произведувале разни видови товарни бродови, како и наменски пловила како мразокршачи, ископувачи и слично.
Друга важна стопанска гранка е туризмот; градот прима посетители меѓу туристите кои одмораат во околните села на северноморскиот брег.
Во 1973 година е отворена техничка академија во која учат неколку илјади студенти.
Во Емден е седиштето на регионалниот авиопревозник „ОЛТ Експрес“.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.