Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рур — средно голема река во западна Германија (Северна Рајна-Вестфалија), десна притока (источна страна) на Рајна.
Рур | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Рајна 51°27′3″N 6°43′22″E |
Должина | 217 km |
Особености на сливот | |
Изворот на Рур е во близина на градот Винтерберг во планинската област Зауерланд, на надморска височина од околу 670 метри. Се влева во реката Долна Рајна на надморска височина од 17 метри во градската средина на Дисбург. Нејзината вкупна должина е 218 километри, нејзиниот просечен истек е 79 м3/s (кубни метри во секунда) кај Милхајм во близина на нејзиното устие. Така, нејзиниот истек е, на пример, споредлив со реката Емс во Северна Германија или реката Темза во Обединетото Кралство.
Најпрвин, Рур поминува низ градовите Мешеде, Арнсберг, Викеде, Френденберг, Холцвикеде, Изерлон и Шверте.
Потоа, реката ја обележува јужната граница на областа Рур, минувајќи ги Хаген, Дортмунд, Хердеке, Ветер, Витен, Бохум, Хатинген, Есен, Милхајм и Дисбург.
Областа Рур била главната индустриска област во текот на раните 1900-ти. Поголемиот број фабрики биле сместени тука. Окупацијата на Рур во 1920-тите од француските сили предизвикал ненасилен отпор; производството на фабриката престанало. Како резултат на тоа, хиперинфлационата криза станала уште полоша.
Постојат пет вештачки езера на реката, често користени за рекреативни цели:
Соседниот индустриски регион ја прифатил неговото име од оваа река.
Рур се користи за подготовка на водата за пиење и е од добар квалитет, факт кој содржи определена лингвистичка иронија, бидејќи зборот „Ruhr“ означува дизентерија на германски. Нејзините речни брегови се одликуваат со големи отворени простори и паркови, кои се користат за рекреација.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.