издание 2016 на велосипедската трка Џиро д’Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2016 (позната и како Трка околу Италија 2016) — 99. издание на Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот. Трката ќе започне во Апелдорн на 6 мај со поединечен хронометар во должина од 9,8 км и ќе продолжи со уште две етапи во Холандија, обете помеѓу Најмеген и Арнем. Потоа, по еден ден за одмор, следуваат уште 18 етапи до завршницата на 29 мај. Овие етапи главно ќе бидат возени во Италија, иако две етапи делумно ќе преминат на територија на Франција.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 99. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 6 – 29 мај | ||
Растојание | 3.463,1 км | ||
Држави | Италија Холандија Франција Германија | ||
Поаѓалиште | Апелдорн | ||
Одредиште | Торино | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 198 | ||
Возачи на крај | 154 | ||
Просечна брзина | 40,014 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Винченцо Нибали (Астана Казахстан Тим) | ||
Второпласиран | Естебан Чавес (Тим Џејко АИУла) | ||
Третопласиран | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Бодовен | Џакомо Ницоло (Трек-Сегафредо) | ||
Планински | Микел Ниеве (Инеос Гренадиерс) | ||
Спринтерски | Даниел Ос (ССС Team) | ||
Младински | Боб Јунгелс (Судал Квик-Степ) | ||
Breakaway | Даниел Ос (ССС Team) | ||
Екипен | Астана Казахстан Тим | ||
Team points | Судал Квик-Степ | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат своја екипа.[2] Првата специјална покана била доделена на крајот на сезоната 2015 на екипата Вилиер Триестина-Саутист. Додека возеле како Саутист Про Сајклинг, ја освоиле сезонската серија „Копа Италија“ (Coppa Italia); победниците на серијата автоматски добиваат покана на идното издание на Џиро д’Италија.[3] Две од преостанатите три специјални покани биле доделени на италијански екипи (Бардијани-ЦСФ и Нипо-Вини Фантини); преостанатата покана била доделена на руската екипа Гаспром-РусВело.[4] Со тоа имало 22 екипи на Џиро, секоја од нив составена од девет возачи; со што главната група била составена од 198 возачи на почетокот на трката.[5]
Екипи во Светската турнеја
Професионални континентални екипи
Фаворити пред трката биле Винченцо Нибали, Микел Ланда, Алехандро Валверде, Илнур Закарин, Ригоберто Уран, Рафал Мајка, Том Димулен, Доменико Поцовиво и Јакоб Фуглсанг.[6][7][8]
Информациите за почетокот на Џиро биле претставени на 26 јуни 2015 година. Било потврдено дека Холандија ќе го има својот трет „голем почеток“ (Grande Partenza) на Џиро, претходно домаќин на изданијата во 2002 и во 2010 година. Етапите во Холандија ќе вклучуваат поединечен хронометар на воведниот ден, по што следеле две друмски етапи подобни за спринтери; за да изврши долгиот трансфер ќе има ден за одмор по третатат етапа.[9] Деветтата етапа била најавена на конференција за печатот во Лондон на 7 септември 2015 година[10], а тринаесеттата етапа била потврдена на конференција за печатот на 21 септември 2015 година.[11] Остатокот од рутата за Џиро д’Италија 2016 била претставена од директорот на трката Мауро Вењи на 5 октомври 2015 година.[12] По три етапи во Холандија, трката се преместила на Калабрија, на југот од Италија. Рутата главно ги носела кон север, често преминувајќи низ Апенините, со етапи во планините во Фурланија и Доломитите кои дошле подоцна на трката. Завршниот и најтежок дел од Џиро дошол завршната недела, со етапи на Алпите.[13]
По низа умерено ридски етапи, првата етапа со завршница на нагорнина дошла на крајот на шестата етапа.[14] Потоа следеле уште две ридски етапи, втората вклучувала земјено искачување во завршните 25 километри.[12] Деветтата етапа се очекувала да биде најважна за одлучувањето на крајниот победник на трката: поединечен хронометар од 40,4 километри низ областа Кјанти. Вториот ден за одмор следел по хронометарот.[15] По денот за одмор, десеттата етапа повторно завршувала на нагорнина — иако било искачување од трета категорија — кое доаѓало на крајот на многу ридестата втора половина од етапата.[12] По две релатино рамни етапи, трката повторно навлегувала во планините кон крајот на втората етапа, каде тешката тринаесетта етапа завршувала на две искачувања пред завршница во Чивидале дел Фриули. Втората недела се одвивала на Доломитети: четиринаесеттата етапа имала шест големи искачувања, додека петнаесеттата етапа била планински хронометар од 10,8 километри до Зајзер Алм. По завршниот ден за одмор, третата недела на Џиро започнала со ридска етапа, која вклучувала искачување во завршните 5 километри, а подоцна следела две релативно рамни етапи.[12][13] Етапите 19 и 20 повторно ги носеле возачите во високите планини: деветнаесетттата етапа завршувала на искачување долго 12,8 километри на Ризул во Франција,[16] а подоцна дваесеттата етапа вклучувала три искачувања од прва категорија и завршувала на нагорнина.[17] Завршната етапа имала спринтерски круг околу Торино.[15]
По почетокот во Холандија, три етапи ја напуштале Италија: две од нив ја посетувале Франција (деветнаесеттата етапа завршувала во Ризул, а дваесеттата етапа започнувала во Гијестр), додека осумнаесеттата етапа започнувала во Швајцарија.[13] Споредено со претходното издание, трката била пократка за 98,8 километри, содржела еден ден за одмор повеќе, како и два хронометри повеќе. Немало екипен хронометар.[18][19]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 6 мај | Апелдорн – Апелдорн | 9,8 | Том Димулен | Том Димулен | |
2 | 7 мај | Арнем – Најмеген | 190 | Марсел Кител | Том Димулен | |
3 | 8 мај | Најмеген – Арнем | 190 | Марсел Кител | Марсел Кител | |
4 | 10 мај | Катанѕаро – Праја а Маре | 200 | Диего Улиси | Том Димулен | |
5 | 11 мај | Праја а Маре – Беневенто | 233 | Андре Грајпел | Том Димулен | |
6 | 12 мај | Понте – Рокаразо | 157 | Тим Веленс | Том Димулен | |
7 | 13 мај | Сулмона – Фолињо | 211 | Андре Грајпел | Том Димулен | |
8 | 14 мај | Фолињо – Арецо | 186 | Џанлука Брамбила | Џанлука Брамбила | |
9 | 15 мај | Рада ин Кјанти – Греве ин Кјанти | 40,5 | Примож Роглич | Џанлука Брамбила | |
10 | 17 мај | Кампи Бизенцио – Сестола | 219 | Џулио Чиконе | Боб Јунгелс | |
11 | 18 мај | Модена – Азоло | 227 | Диего Улиси | Боб Јунгелс | |
12 | 19 мај | Ноале – Бибионе | 182 | Андре Грајпел | Боб Јунгелс | |
13 | 20 мај | Палманова – Чедад | 170 | Микел Ниеве | Андреј Амадор | |
14 | 21 мај | Фара д’Алпаго – Корвара | 210 | Естебан Чавес | Стевен Краусвајк | |
15 | 22 мај | Кастелрут – Зајзер Алм | 10,8 | Александар Фолифоров | Стевен Краусвајк | |
16 | 24 мај | Бриксен – Андало | 132 | Алехандро Валверде | Стевен Краусвајк | |
17 | 25 мај | Молвено – Касано д’Ада | 196 | Роџер Клуге | Стевен Краусвајк | |
18 | 26 мај | Муџо – Пинероло | 244 | Матео Трентин | Стевен Краусвајк | |
19 | 27 мај | Пинероло – Ризул | 162 | Винченцо Нибали | Естебан Чавес | |
20 | 28 мај | Гијестр – Винадио | 134 | Реин Тарамае | Винченцо Нибали | |
21 | 29 мај | Кунео – Торино | 163 | Никијас Арнт | Винченцо Нибали |
Трката започнала со поединечен хронометар во Апелдорн. Фабијан Канчелара бил фаворит, целејќи да стане предводник на Џиро по првпат во својата кариера, но стомачните проблеми го оставиле на осмото место на етапата. Наместо тоа, домашниот возач Том Димулен дошол до победа, иако имал исто време како второпласираниот Примож Роглич, додека костариканскиот возач, Андреј Амадор, завршил трет, шест секунди зад него.[20] На крај, Холанѓанецот ја облекол првата розова маичка на трката. Следните две етапи во Холандија, се одржале помеѓу Најмеген и Арнем, биле освоени од Марсел Кител. Губејќи 11 секунди на воведниот хронометар, двата временски бонуси од 10 секунди му ја донеле розовата маичка на Германецот по третата етапа.
По еден ден одмор, трката се вратила на југот на Италија, со ридски етапи. Диего Улиси ја освоил етапата, по напад на искачување од трета категорија. Кител отпаднал на истото искачување и заедно со второто место на Димулен, значело дека Холанѓанецот ја повраќа розовата маичка. Петтата етапа била рамна и била освоена од Андре Грајпел. Меѓутоа, шестата етапа била сметана за важна — била прва завршница на нагорнина на Џиро, во Рокаразо. Била освоена од Тим Веленс, кој се приклучил на успешно бегство на етапата. Помеѓу кандидатите за генерален пласман, Димулен стекнал десет секунди пред неговите соперници и си ја зачувал розовата маичка. Винченцо Нибали изгубил време, поради лоша тактика на екипата. Грајпел ја освоил седмата етапа, трета последователна победа на Лото-Судал.
Осмата етапа вклучувала земјено искачување. Џанлука Брамбила ја освоил етапата во Арецо, меѓутоа зад него, започнала Битката за генералниот пласман. Димулен отпаднал и изгубил една минута. Предноста на Брамбила била доволна за освојување на розовата маичка, прв Италијанец кој ја облекол во текот на Џиро 2016. Следната етапа била освоена од Роглич; негова прва победа на големите трки. За време на етапата врнело дожд, поради што имало влијание на генералниот пласман. Боб Јунгелс се поместил зад Брамбила, но не успеал да ја преземе маичката, благодарение на разликата од една секунда. Микел Ланда, исто така, се поместил во генералниот пласман, меѓутоа се повлекол во текот на наредниот ден. Десеттата етапа завршувала на нагорнина и била освоена од Џулио Чиконе. Ланда закрепнал по треската минатиот ден, додека Брамбила ја жртвувал розовата маичка за помош за неговиот колега, Јунгелс, кој ја зел розовата маичка на крајот на денот. Единаесеттата етапа била прилично рамна етапа, но при крајот имала искачување од четврта категорија, каде се очекувале напади. Димулен, кој страдал од седлото, ја напуштил Џиро, додека Амадор ги нападнал фаворитите на 13 километри пред целта. Носителот на розовата маичка, Јунгелс, го следел неговиот потег, додека Улиси ги стигнал на спустот. Тројката работела заедно да остане напред, а на целта Улиси ја освоил етапата, додека Јунгелс го зголемил своето водство. Следната етапа била рамна, при што Грајпел стигнал до својата трета победа. Грајпел, заедно со некои спринтери, се повлекол од трката по оваа етапа.
Следните неколку етапи пред третиот ден за одмор се очекувало да бидат клучни во врска со генералниот пласман. Тринаесеттата етапа била освоена од Микел Ниеве од Тим Скај, додека Јунгелс отпаднал на последното искачување. Амадор, исто така, кратко отпаднал на искачувањето, пред да се врати на спустот, преземајќи ја розовата маичка, откако Јунгелс изгубил 50 секунди. Четиринаесеттата етапа била кралска етапа на трката, која вклучувала шест категоризирани искачувања пред спустот до Корвара. Естебан Чавес ја освоил етапата, откако ги претекнал Стевен Краусвајк, кој ја освоил розовата маичка, и Георг Прајдлер. Нибали ја разгорел борбата за генералниот пласман на последното искачување до Валпарола, напаѓајќи на 27 километри до целта. Негодиот напад не го следеле Амадор и Алехандро Валверде, кои изгубиле три минути на етапата. Краусвајк нападнал близу врвот, со Чавес, откако отпаднал Нибали, единствениот возач кој се држел до нив. Нибали изгубил повеќе од половина минута по етапата. На петнаесеттата етапа бил третиот поединечен хронометар на трката, кој вклучувал искачување до Алпе ди Сиузи. Александар Фолифоров ги изненадил фаворитите за генералниот пласман со победа на етапата, тесно победувајќи го Краусвајк. Краусвајк го зголемил своето водство за повеќе од две минути пред второпласираниот Чавес, додека Нибали имал механички проблеми на искачувањето, при што изгубил повеќе од две минути. Шеснаесеттата етапа била кратка етапа, на која победил Валверде, кој го претекнал Краусвајк на целта. Краусвајк го зголемил своето водство во генералниот пласман до три минути, откако Чавес изгубил 42 секунди, додека Нибали отпаднал на последното искачувањето. Изгубил скоро две минути и паднал на четвртото место во генералниот пласман, доцнејќи скоро пет минути. Седумнаесеттата етапа била рамна, каде Роџер Клуге од ИАМ Сајклинг ја освоил откако ги изненадил преостанатите спринтери со напад во последниот километар. Победата се случила два дена откако неговата екипа објавила дека се распаѓа на крајот на сезоната.
Осумнаесеттата етапа била уште една рамна етапа, но вклучувала при крајот едно искачување од втора категорија и едно некатегоризирано искачување. Матео Трентин победил од бегство, додека кандидатите за генералниот пласман завршиле 14 минути зад него. Деветнаесеттата етапа била прва во високите планини, со Чима Копи, Кол д’Ањел и завршница во Ризул во Франција. Микеле Скарпони го освоил Чима Копи, додека Валверде, Илнур Закарин и Рафал Мајка отпаднале. На спустот, обајцата, Краусвајк и Закарин, паднале, при што Закарин ја скршил клучната коска и го изместил рамото, поради што ја напуштил трката. Денот се покажал како откровение за Нибали, при што ја освоил етапата откако Чавес отпаднал на искачувањето до Ризул. Во меѓувреме, Краусвајк ја поминал целта скоро пет минути зад Нибали и четири минути зад Чавес. Чавес ја освоил розовата маичка со 44 секунди предност пред Нибали, додека Краусвајк, кој подоцна дознал дека има скршено ребро, паднал на третото место со минута и пет секунди зад нив. Дваесеттата етапа била завршна одлучувачка етапа во поглед на генералниот пласман, со три искачувања од прва категорија и стрмно искачување од трета категорија за завршница во Сант’Ана ди Винадио.
На Џиро д’Италија 2016 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2016 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[21][22]
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[21][22]
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[21] Со 2.744 метри, „Чима Копи“ за 2015 година ќе биде врвот Кол Ањел.[23]
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1991 година.[21]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[21]
Го означува предводникот на генералниот пласман | Го означува предводникот на планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот на бодовниот пласман | Го означува предводникот на пласманот за млад возач |
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Винченцо Нибали (ИТА) | Астана | 86ч 32' 49" |
2 | Естебан Чавес (КОЛ) | Орика-БајкЕксчејнџ | + 52" |
3 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | + 1' 17" |
4 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | + 1' 50" |
5 | Рафал Мајка (ПОЛ) | Тинкоф | + 4' 37" |
6 | Боб Јунгелс (ЛУК) | Етикс-Квик Степ | + 8' 31" |
7 | Ригоберто Уран (КОЛ) | Канондејл-Драпак | + 11' 47" |
8 | Андреј Амадор (КРИ) | Мовистар Тим | + 13' 21" |
9 | Дарвин Атапума (КОЛ) | Ванти-Груп Гобер | + 14' 09" |
10 | Канстанцин Сивцов (БЛР) | Тим Дименжн Дата | + 16' 20" |
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Џакомо Ницоло (ИТА) | Трек-Сегафредо | 209 |
2 | Матео Трентин (ИТА) | Етикс-Квик Степ | 184 |
3 | Саша Модоло (ИТА) | Лампре-Мерида | 163 |
4 | Диего Улиси (ИТА) | Лампре-Мерида | 156 |
5 | Даниел Ос (ИТА) | Ванти-Груп Гобер | 133 |
6 | Мартен Тјалинги (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 103 |
7 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 92 |
8 | Никијас Арнт (ГЕР) | Џајант-Алпецин | 88 |
9 | Александар Порсев (РУС) | Катјуша | 80 |
10 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 76 |
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Микел Ниеве (ШПА) | Тим Скај | 152 |
2 | Дамијано Кунего (ИТА) | Нипо-Вини Фантини | 134 |
3 | Дарвин Атапума (КОЛ) | Ванти-Груп Гобер | 118 |
4 | Штефан Денифл (АВТ) | ИАМ Сајклинг | 109 |
5 | Џовани Висконти (ИТА) | Мовистар Тим | 77 |
6 | Александар Фолифоров (РУС) | Гаспром-РусВело | 66 |
7 | Реин Тарамае (ЕСТ) | Катјуша | 62 |
8 | Давид Лопес (ШПА) | Тим Скај | 54 |
9 | Микеле Скарпони (ИТА) | Астана | 51 |
10 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 42 |
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Боб Јунгелс (ЛУК) | Етикс-Квик Степ | 86ч 41' 20" |
2 | Себастијан Енао (КОЛ) | Тим Скај | + 29' 38" |
3 | Валерио Конти (ИТА) | Лампре-Мерида | + 1ч 10' 07" |
4 | Давиде Формоло (ИТА) | Канондејл-Драпак | + 1ч 18' 48" |
5 | Џо Домбровски (САД) | Канондејл-Драпак | + 1ч 24' 25" |
6 | Мерхави Кудус (ЕРИ) | Тим Дименжн Дата | + 1ч 46' 03" |
7 | Карлос Верона (ШПА) | Етикс-Квик Степ | + 1ч 57' 26" |
8 | Александар Фолифоров (РУС) | Гаспром-РусВело | + 1ч 58' 06" |
9 | Нејтан Браун (САД) | Канондејл-Драпак | + 2ч 06' 47" |
10 | Тобијас Лудвигсон (ШВЕ) | Џајант-Алпецин | + 2ч 12' 42" |
Екипа | Време | |
---|---|---|
1 | Астана | 260ч 02' 35" |
2 | Канондејл-Драпак | + 6' 57" |
3 | Мовистар Тим | + 21' 00" |
4 | Аг2р-Ла Мондијал | + 53' 52" |
5 | Тим Скај | + 1ч 04' 21" |
6 | Етикс-Квик Степ | + 1ч 37' 53" |
7 | Тинкоф | + 1ч 40' 44" |
8 | Катјуша | + 2ч 06' 36" |
9 | Тим Дименжн Дата | + 2ч 53' 26" |
10 | Лампре-Мерида | + 3ч 15' 00" |
Екипа | Бодови | |
---|---|---|
1 | Етикс-Квик Степ | 506 |
2 | Лото НЛ-Џамбо | 397 |
3 | Лампре-Мерида | 361 |
4 | Мовистар Тим | 339 |
5 | Лото-Судал | 303 |
6 | Катјуша | 293 |
7 | Џајант-Алпецин | 280 |
8 | Ванти-Груп Гобер | 232 |
9 | Орика-БајкЕксчејнџ | 220 |
10 | Трек-Сегафредо | 216 |
Биле доделувани и неколку помали пласмани. Првиот бил пласманот на средни спринтови. Секоја друмска етапа имал два спринта. Првите возачи низ средниот спринт добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојувал пласманот. Овој пласман бил освоен од Даниел Ос (Ванти-Груп Гобер). Друг пласман, наградата за борбеност, вклучувала бодови доделувани на првите возачи на етапните завршници, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Била освоена од Матео Трентин (Етикс-Квик Степ). Исто така, имало награда за бегство. За ова, бодови биле доделувани на секој возач во секое бегство помало од десет возачи, кое избегало најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од главната група. Возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојувал пласманот. Бил освоен исто така од Даниел Ос (Ванти-Груп Гобер). Последен пласман бил „фер-плеј“ пласманот за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Тие се движеле од половина казнен бод за нарушување на предупредувањата од организаторите на трката, до 2000 бода казна, за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку вкупно бодови на крајот на трката го освојувала пласманот. Бил освоен од Лото НЛ-Џамбо, која не добила ниеден казнен бод на Џиро, како и 4 други екипи. Меѓутоа, од сите нив, тие имале највисоко пласиран возач во генералниот пласман.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.