Апенини
планински венец ви Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
планински венец ви Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Апенини италијански: Appennini; латински: Apenninus, Apennini montes; Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1169: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value)) — планински венец составен од помали напоредни венци што се протега 1.200 км долж полуостровска Италија. На северозапад се сврзуваат со Лигурските Алпи кај Алтаре. На југозапад завршуваат кај крајбрежниот град Реџо Калабрија на крајот од полуостровот. Почнувајќи од 2000 г., во состав на Апенините се вбројуваат и планините на северот на Сицилија, продолжувајќи ги до вкупно 1.500 км.[1] Системот образува лак што ја опфаќа источната страна на Лигурското и Тиренското Море.
Апенини Appennini | |
---|---|
Врвот Корно Гранде | |
Највисока точка | |
Врв | Корно Гранде |
Надм. височина | 2.912 м |
Координати | 42°28′9″N 13°33′57″E |
Величина | |
Должина | 1200 км СЗ-ЈИ |
Ширина | 250 км ЈЗ-СИ |
Географија | |
Земји | Италија и Сан Марино |
Координати | 43°17′N 12°35′E |
Геологија | |
Период | мезозојска карпообразба, неогенско-квартерска орогенија |
Вид карпа | апенински наборно-навлечан појас |
Многумина сметаат дека името на венецот доаѓа од келтскиот поим penn, што значи „планина“ или „врв“.[2] Така, се смета дека името изворно гласело A-penn-inus и се однесувало на Северните Апенини. Претпоставката е дека ова име го дале Келтите, кои своевремено биле најбројниот народ во северна Италија (IV век п.н.е. или претходно). Иако оваа теза е најверојатна, не може да се каже дека ужива едногласност.[3]
По венецот е наречен и целиот Апенински Полуостров, кој го сочинува најголемиот дел од Италија.[3] Планините се претежно прекриени со растителност, но има и попусти места, како врвот Корно Гранде („Голем Рог“), кој е делумно зафатен од ледникот Калдероне — единствениот ледник на Апенините, кој почнал да се повлекува уште во 1794 г.[4] Јужните Апенини имаат повеќе степски карактер. Источните падини што се спуштаат во Јадранското Море се стрмни, додека пак западните падини образуваат подножно ридје на кое се сместени највеќето градови во полуостровскиот дел на земајта. Планините обично се нарекуваат по покраините во кои се наоѓаат (на пр. во Лигурија се сместени Лигурските Апенини). Постојат и недоречености, поради нејаснотиите во пограничните подрачја.
Апенините се делат на три дела: Северни Апенини (Appennino settentrionale), Централни Апенини (Appennino centrale) и Јужни Апенини (Appennino meridionale).[5]
Северните Апенини се состојат од три подвенци: Лигурски Апенини (Appennino ligure), Тоскански Апенини (Appennino toscano) и Умбриски Апенини (Appennino umbro).[6]
Се проценува дека на Апенините виреат 5.599 вида васкуларни растенија, од кои 728 (23,6%) се сместени на екотонот на шумската граница.
Апенините имаат 21 врв повисок од 1.900 м што приближно ја претставува шумската граница. Највеќето од нив се сместени во Централните Апенини.[7]
Име | Висина |
---|---|
Корно Гранде | 2912 м |
Монте Амаро (Мајела) | 2793 м |
Монте Велино | 2486 м |
Монте Веторе | 2476 м |
Пицо ди Сево | 2419 м |
Монте Терминило | 2217 м |
Монте Сибила | 2173 м |
Монте Чимоне | 2165 м |
Монте Кузна | 2121 м |
Моронски Планини | 2061 м |
Монте Прадо | 2053 м |
Монте Милето | 2050 м |
Сучиски Алпи | 2017 м |
Монте Пизанино | 1946 м |
Корно але Скале | 1915 м |
Монте Алто | 1904 м |
Ла Нуда | 1894 м |
Монте Маџо | 1853 м |
Монте Џоварело | 1760 м |
Монте Катрија | 1701 м |
Монте Готеро | 1640 м |
Монте Пенино | 1560 м |
Монте Нероне | 1525 м |
Фумајоло | 1407 м |