Тетивен четириаголник

четириаголник околу кој може да се опише кружница From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетивен четириаголник
Remove ads

Тетивен четириаголникчетириаголник околу кој може да се опише кружница. Со други зборови, четириаголникот е тетивен ако сите негови темиња се точки на една кружница[1]. Името тетивен доаѓа од тоа што секоја страна на таков четириаголник е тетива во тој круг.

Thumb
Сл. 1 Општ случај на тетивен четириаголник

Тетивни четириаголници се: квадрат, правоаголник и рамнокрак трапез. Делтоидот е тетивен ако има два прави агли.

Четириаголници за кои со сигурност знаеме дека околу нив не може да се опишат кружници (не се тетивни) се паралелограмот и ромбот.

Основно својство на тетивен четириаголник:

Четириаголникот е тетивен ако и само ако симетралите на неговите страни се сечат во една точка.[2]

Исто така важна е особината:

Четириаголник е тетивен ако и само ако збирот на секои два спротивни агли е еднаков на 180° (спротивните агли се суплементни).
Thumb
Сл. 2 Односи меѓу аглите во тетивен четириаголник

што може да се види од сликата на која се прикажани централниот и периферниот агол над дијагоналата. (сл. 2) Од ова произлегува дека секој четириаголник што има два спротивни прави агли е тетивен.

Четириаголник во кој може истовремено да се впише и опише кружница се нарекува тангентно-тетивен четириаголник или двоцентричен четириаголник.

Thumb
Сл. 3 примери
Remove ads

Некои својства на тетивниот четириаголник

Површината на тетивен четириаголник со страни може да се изрази со помош на полуобемот , при што

со формула наречена Брамагуптина формула:

или со формулата во која се појавуваат страните на четириаголникот и полупречникот на опишаната кружница

.

Ако дијагоналите на овој четириаголник се и (сл. 1), тогаш површината може да се изрази со формулите

,

каде дијагоналите се пресметуваат со формулите

и .

Дијагоналите на тетивниот четириаголник се сечат во точка (сл. 1), а односот помеѓу деловите на дијагоналата се изразува со формулата .

Птоломејова теорема
Ако се страниците, а и дијагоналите на тетивниот четириаголник, тогаш е
.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads