Преселба или миграција (од латински: migratio[1]) — движење или преселување на населението, од едно во друго место.

Thumb
Мигранти и набљудувачката војска на Словенија на границата кај Горња Радгона, Штаерска, Словенија.

Преселбите можат да бидат привремени, но можат да бидат и трајни. Привремените преселби ги означуваат дневните движења на населението од своите домови кон местата каде што работат. Привремени се сметаат и оние преселби каде личноста го напушта своето место на живеење и се населува во ново заради деловни причини, меѓутоа по извесно време се враќа во своето старо место на живеење. Трајните преселби (иселувања) се лицето кога го напушта своето место на живеење трајно и не се враќа назад. Според некои критериуми, привремените траат помалку од една година, а трајните повеќе од една година. Преселбите исто така можат да бидат внатрешни и надворешни.

Внатрешни преселби се оние преселби кои се случуваат во рамките на една држава. Тука спаѓаат и дневните преселби на населението до своите работни места. Овие преселби се вршат многу полесно од надворешните, бидејќи за нив не е потребна патничка документација како што се пасош и лична карта. Покрај пасош, лицето поминува и низ царина на државата во која се доселува, и голем број други документации потребни според законот на самата држава. Најчести причини за преселба можат да бидат: демографски, политички, економски, општествени и слично.

Историска ретроспектива

Преселбите се дел од животот на човекот уште од неговото настанување. Луѓето за првпат почнале да го менуваат своето место на живеење уште од камено време. Во услови на живот, кога не знаеле да ја обработуваат земјата тие постојано се селеле во нови места на живеење. Останувале на едно место додека целосно не ја експлотирале земјиштето, незнаејќи дека можат повторно да ја обработат земјата со засадување на нови растенија на истата површина. Значи, основната причина за тогашните преселби била постојаната потрага по нови места со подобри места за живот.

Со понатамошна цивилизациска еволуција настанале монархиите. Желбата на секој монарх била да ја прошири својата територија колку што може повеќе. Така настанале најпознатите историски војни. Низ тие освојувачки походи голем дел од населението било мобилизирано во војската на монархиите. Примери за вакви преселби во историјата има навистина многу. Од војните коишто настанале во Стара Грција помеѓу тогашните градови-држави, секако најзначајни биле Спарта и Атина. Сигурно најголеми походи биле во времето на кралот и војсководец Александар III Македонски, кој го освоил во тоа време речиси целиот свет познат на луѓето во источното Средоземје и пошироко. Неговото кралство се протегало на до тогаш сите познати континенти. Тоа биле едни од најмасовните движења на луѓето низ историјата.

Крстоносните војни, исто така едни од најмасовните преселби на човекот низ историјата на човештвото. Нешто подоцна за време на буржоаските револуции се појавиле масовни преселби во рамките на државите. Значи, во текот на оваа таканаречена преродба, која започнала со Француската револуција на Наполеон Бонапарта се случиле најголемите преселби на луѓе во рамките на една држава, што е пандан на денешниве привремени и трајни внатрешни преселби. Меѓутоа Бонапарта не за задоволил со дотогашните граници на Франција. Тој покажал тежнеење да ја прошири својата држава. Еден од најпознатите походи бил тој на Бонапарта кон Руската Империја. Но тогаш бил поразен и бил приморан да се врати назад во Франција.

Во XX век се случиле и двете најцрни точки во еволуцијата на човештвото, Првата и Втората светска војна. За време на овие војни, се појавиле најмасовните преселби на светското население, кои продолжиле и по војната. Важно е да се знае дека со преселбите со текот на времето се воспоставува рамнотежа меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Луѓе се селат и денес. преселбите биле, и ќе бидат дел од нашето секојдневие постојано. Меѓутоа, да напоменеме уште еднаш, како што беше претходно наведено, преселбите не влијат на бројната структура на населението, тие вршат само негова распространетост.

Шеми на преселба и сродни статистики

Thumb
Бројот на мигранти во светот, 1960–2015[2]
Thumb
Годишна нето стапка на преселба 2015–2020. Прогноза на ОН во 2019 година.

Постојат многу статистички проценки за моделите на преселба низ целиот свет.

Светска банка објавила три изданија на својот „Книга на факти за преселби и дознаки“ (изворно: Migration and Remittances Factbook), почнувајќи од 2008 година, при што второто издание се појавило во 2011 година и третото во 2016 година.[3] Меѓународната организација за преселба (ИОП/IOM) објавила десет изданија на Светски извештај за преселба почнувајќи од 1999 година.[4][5] Одделот за статистика на Обединетите нации исто така води база на податоци за преселувањето низ целиот свет.[6] Неодамнешниот напредок, во истражувањето за преселувањето, преку интернет ветува подобро разбирање на моделите на преселба и мотивите на преселување.[7][8]

Структурно, постои значително преселување во правците Југ-Југ и Север-Север; во 2013 година, 38% од сите мигранти се преселиле од земјите во развој во други земји во развој, додека 23% се преселиле од земјите на ОЕСР кои се со високи приходи во други земји со високи приходи.[9] Фондот за население на Обединетите нации вели дека „додека Северот доживеа поголем апсолутен пораст на мигрантскиот фонд од 2000 година (32 милиони) во споредба со југот (25 милиони), Југот забележа повисока стапка на раст. Помеѓу 2000 и 2013 година, просечната годишна стапка на промена на мигрантското население во регионите во развој (2,3%) малку ја надмина онаа на развиените региони (2,1%).[10]

Значителна внатрешна preselba може да се случи и во една земја, или сезонска преселба на луѓе (главно поврзана со земјоделството и туризмот во урбаните места), или преместувањата на населението во градовите (урбанизација) или надвор од градовите (субурбанизација). Сепак, студиите за моделите на преселба низ целиот свет имаат тежнеење да го ограничат нивниот опсег на меѓународна преселба.

Повеќе информации Година, Број на мигранти ...
Меѓународни мигранти, 1970–2015[11]
ГодинаБрој на мигрантиМигранти во %

на светското население

197084,460,1252.3%
197590,368,0102.2%
1980101,983,1492.3%
1985113,206,6912.3%
1990152,563,2122.9%
1995160,801,7522.8%
2000172,703,3092.8%
2005191,269,1002.9%
2010221,714,2433.2%
2015243,700,2363.3%
Затвори

Речиси половина од овие мигранти се жени, што е една од најзначајните промени во моделот на мигрантите во последниот половина век.[10] Жените се преселуваат сами или со членовите на своето семејство и заедницата. И покрај тоа што женската преселба во голема мера се смета за здружена, а не како независна преселба, новите студии тврдат сложени и многубројни причини за тоа.[12]

Согласно 2019 година, првите десет доселувачки одредишта биле:[13]

Во истата година, првите земји на потекло биле:[13]

Покрај овие рангирања, според апсолутните бројки на мигранти, „Факт книгата за миграции и дознаки“ исто така дава статистика за земјите со врвни одредишта за доселување и за првите земји од потеклото на иселување според процентот на населението; Земјите кои се појавуваат на врвот на тие рангирања се сосема различни од оние во горното рангирање и имаат тежнеење да бидат многу помали земји.[14]:2, 4

Согласно 2013 година, првите 15 преселнички коридори (кои отпаѓаат на најмалку 2 милиони мигранти) биле:[14]:5

  1. Мексико–Соединети Држави
  2. Русија–Украина
  3. Бангладеш–Индија
  4. Украина–Русија
  5. Казахстан–Русија
  6. НР Кина–Соединети Држави
  7. Русија–Казахстан
  8. Авганистан–Пакистан
  9. Авганистан–Иран
  10. НР Кина–Хонхконг
  11. Индија–Обединети Арапски Емирати
  12. Западен Брег и Газа–Јордан
  13. Индија–Соединети Држави
  14. Индија–Саудиска Арабија
  15. Филипини–Соединети Држави

Преселби село-град

Постојат четири видови на внатрешни преселби од аспект на поделбата на населените места: село-село, село-град, град-село и град-град. Во денешни услови најчеста е преселбата село-град.

Повремени или дневни преселби се оние преселби кои луѓето ги прават секојдневно за да обават некоја работа или набават некој намирници и повторно се враќаат во своите домови. Постојат и трајни преселби. Во вакви случаи, селското население ги напушта своите домови во селата и се населува во ново живеалиште во градовите, со цел да остане тука постојано. Ваквите преселби настануваат како последица на незадоволство од животот во селата, можност за подобар живот и заработка во градовите, поради сè поголемите техничко-технолошки иновации и модернизација на општеството. Значи, стопанскиот развој е главна причина за намалување на бројот на селското и зголемување на бројот на градското население.

Со поделба на населението на селско и градско се доаѓа до голем број на анализи и заклучоци, како на пример:степенот на урбанизација во одделни земји како комплексен процес, степенот на индустријализацијата и културниот развој во одделни земји. Исто така, оваа поделба ни овозможува и одделни демографски истражувања, следење на состојбата во градовите и селата и различните услови за живот кои постојат во нив, како тие услови се одразуваат врз старосната структура на населението, фертилитетот, составот по пол, условите на живеење итн.

Класифицирање на селското и градското население

Статистиката се судира со многу прашања и дилеми во врска со класификацијата на населението на селско и градско. Решенијата на овие проблеми се ражлични во одделни земји. Тешкотиите произлегуваат од фактот дека е тешко да се разграничи каде завршува селото, а каде започнува градот. Следствено на ова, тешко е да се одреди кои белези му припаѓаат на селото, а кои на градот. Тешкотија претставува и тоа што пописот на населението дава белези само за населението, а не и за населбите, така што при обработка на материјалот од пописот се наметнуваат шаблонски решенија. Втор критериум за класификација на населението на селско и градско е неговата бројна состојба, односно бројот на населението. Како критериум може да се земе и големината на населбите. Јасно е дека станува збор за квантитативни критериуми. Населението е изразено со бројки, а поделбата се прави со одредени стандарди, кои за секоја држава можат да бидат различни. Како пример може да се земе дека секоја населба која содржи популација до 3000 луѓе се смета како селска населба, а оние што бројат повеќе од 3000 се сметаат како градски населби. Меѓутоа ниту оваа класификацијане може да даде задоволителни резултати, бидејќи многу населби кои располагаат со голем број на жители имаат одлика на селски населби, затоа што поголем дел од населението се занимава со земјоделство. Критериум може да претставува и густината на населението по одделни населби, односно бројот на жители по км2, каде градските и селските населби се разграничуваат според одреден стандард. Меѓународниот статистички институт препорачал, како основа за класификација да се усвои административниот критериум, кој треба да се корегира, така што сите општини да бидат класифицирани во три категории: (1) селски општини со над 70% земјоделско население, (2) мешовити општини со 40-60% земјоделско население и (3) градски општини со помалку од 40 % земјоделско население.

Преселбата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Туѓината пуста да остане“ - македонска народна песна.[15]
  • „Параходот ми пристигна“ - македонска народна песна.[15]
  • „Збогум мајко“ - фолк песна на Никола Бадев.[16]
  • „Бог да бие кој прв почна“ - македонска народна песна.[16]
  • „Судбо моја“ - македонска народна песна.[16]
  • „Крик“ - краток расказ на македонскиот писател Димитар Башевски.[17]
  • „Иселеник“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[18]
  • „Печалбари“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[19]
  • „Во туѓина“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[20]
  • „Вода донесла — вода однесла“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[21]
  • „Проштавање“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[22]
  • „Ве гледав како заминувате на печалба во Австралија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[23]
  • „Поле со жито“ - песна на Наум Целакоски од 1997 година.[24]
  • „Последното момче од Мраморец“ - песна на Наум Целакоски.[25]
  • „Јабанџискиот гроб во Мешеишта“ - песна на Наум Целакоски.[26]
  • „Врба“ - поема на Наум Целакоски.[27]
  • „Го жалам кутриот доселеник (англиски: I Pity The Poor Immigrant) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.[28]
  • „Имигрантска песна“ (англиски: Immigrant Song) - песна на британската рок-група „Лед Цепелин“ (Led Zeppelin) од 1970 година.[29]
  • „Се чувствувам како вог“ (англиски: I Feel Like A Wog) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[30]

Поврзано

Наводи

Други извори

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.