Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српските епски народни песни се облик на епска поезија. Ги создавале Србите на сите територии кои ги населувале во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Постојат повеќе циклуси на српски епски народни песни, а главните од нив се создадени од непознати автори помеѓу 14 и 19 век. Епските песни како мотив најчесто ги обработуваат историските настани и личности. Најчесто се изведуваат проследени со музика од народниот музички инструмент гусла.
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |
Српската епска народна поезија дала голем придонес за развојот на српската национална свест.[1] Циклусите на песни за Крал Марко, за ајдуците и ускоците, со величење на херојското минато и јунаците, ги инспирирало поколенијата на Срби за борбата за ослободување од турското ропство.[1] Ајдуците кои најчесто биле опеани биле составен дел од националниот идентитет и во песните и во приказните тие биле јунаците кои го бранеле народот од османското ропство и го подготвувале за борба за национално ослободување, а кои и самите учествувале во двете големи српски востанија.[2]
Најстариот сочуван запис на српска епска песна е десеттиот стих на бугарштица од 1497 година, во која се пее за затворањето на јунакот Јанко Сибињанин во занданите на Ѓураѓ Бранковиќ.[3][4] И во текот на долгото турско ропство се пееле епски јуначки песни најчесто проследени со свирење на гусла. Биле познати гуслари кои песните ги пееле и надвор од Србија, на благородничките дворци на Полска во 16 и 17 век, а подоцна и во Украина и Унгарија.[5] Унгарскиот историчар, Себастијан Тиноди, во 1554 година запишал: „Постојат многу гуслари овде во Унгарија, но ниеден не е подобар од српскиот стил на Димитрие Караман“, опишувајќи потоа како Караман пеел во 1551 година во Липова (Романија) држејќи на колената гусла.[6] Хроничарот и песникот Маќеј Стријаковски во својата хроника од 1582 година зборува за тоа како Србите пееле јуначки песни за своите предци кои се бореле против Турците.[7] Јузеф Бартоломеј Жиморович го користел изразот: „Да се пее со српско гусле“, во својата идила „Пејачи“ од 1663 година.[7]
Вук Стефановиќ Караџиќ бил еден од најголемите собирачи на ова народно творештво. Тој во 1824 година му испратил збирка на народни песни на германскиот писател и филолог Јакоб Грим, кој бил толку многу импресиониран од песната „Ѕидање на Скадар“[8] што почнал да учи српски јазик за да може да ги чиита песните на оригиналниот јазик. Грим оваа песна ја превел на германски јазик и за неа кажал дека е една од најтрогателните песни напишани кај сите народи, од сите времиња.[9][10]
Добар дел од својот творечки живот Караџиќ го поминал собирајќи го народното творештво во кое посебно место имале јуначките епови од ерата на османлиската окупација и борбата за ослободување од неа. Собраните епови биле објавени во неговите книги во првата половина на 19 век, а кон средината на истиот век биле објавени и систематски обработените збирки на српските народни песни, раскази, загонетки и поговорки. Тие биле: „Мала простонародна славено-сербска пјеснарица” (1814), „Народна сербска песнарица” (1815), „Народне српске приповијетке” (1821) и „Народне српске пословице” (1836).[8] Следната книга „Српски народни песни од Херцеговина. Женски“ од 1866 година содржела песни собрани од Вук Врчевиќ, кој му бил соработник, а самиот пак Караџиќ ги подготвил за издавање непосредно пред својата смрт. Српската народна поезија била извонредно прифатена низ Европа во која цветал романтизмот во тој период. Антологиската збирка на Караџиќ била со воодушевеност прифатена од европската публика, а и од тогашните видни писатели и творци како Грим, Гете и Енгелс. Германскиот поет и филозоф Јохан Готфрид фон Хердер и писателот Грим во овие песни наоѓале потврда за високото значење на традицијата на усното предание. Грим дури и правел анализа за секоја новоиздадена збирка на песни. Неговото воодушевување оделе до таму што народните песни собрани од Караџиќ ги изедначувал со „Песна над песните“. Благодарение на Грим и словенечкиот јазичар Јернеј Копитар, српската народна книжевност го нашла своето место во светската литература.[11]
Гуслато е жичен инструмент со кој е проследено пеењето на јуначките епски песни кај балканските народи.[12] Инструментот се држи вертикално помеѓу колената, и со прсти околу вратот на инструментот. Жиците никогаш не се притискаат кај вратот поради што се добива хармоничен и уникатен звук. Не се знае од каде потекнува, но некои истражувачи според податоците од византиските извори од 6 век сметаат дека Словените го донеле на Балканот.[13] Српскиот монах Теодосие Хиландарац напишал дека Стефан Првовенчани често го забавувал српското благородништво со музичари кои свиреле на тапани и гусли. Првите сигурни записи за гусла датираат од 15 век. Патничките мемоари од 16 век го споменуваат овој музички инструмент во Босна и Србија.
Српските епски народни песни се поделени на следните циклуси:
Песните опишуваат историски настани со различен степен на точност.
Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во XIX век, а некои и во XVIII век. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Иако ја опфаќа истата борба, овој циклус суштински е спротивен на преткосовскиот и косовскиот циклус. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонело за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од 16 век (Старина Новак, Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на Сараево и на планината Романија. Исто така, голем е циклусот посветен на Бајо Пивљанин и неговата дружина од 17 век, која дејствувала околу Бока Которска, а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот Мијат Томиќ (кој дејствувал во Босна), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и смртта на главните ликови. Најпознати ајдучки песни се: „Старина Новак и кнезот Богосав“, „Старина Новак и дели Радивој“, „Новак и Радивој го продаваат Груица“, „Груица и Арапот“, „Стариот Вујадин“, „Костреш харамбаша“, „Малиот Радоица“, „Зошто Бајо заминал во ајдуци“, „Човек-паша и Михат-чобанот“ итн.[14]
Многу други јунаци од српската епска поезија се исто така засновани на историски ликови:
Некои од хероите се прикажани заедно со своите коњи: Крал Марко со Шарец, Војвода Момчило со Јабучило, Милош Обилиќ со Ждралин, Дамјан Југовиќ со Зеленко, Бановиќ Страхиња со Ѓогин, Ајдук Вељко со Стрина и Срѓа Злопоглеѓа со Вранец.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.