From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинематографијата на Србија опфаќа уметност на филмот и креативните филмови снимени или на територија на Србија или од страна на српските филмски работници во странство.
Србија (и како независна држава и како дел од поранешна Југославија) е дом на голем број на меѓународно признати филмови и режисери.
Србија има богата театарска традиција со мноштво на театри. Српскиот народен театар е основан во 1861 година, а зградата во која се наоѓа е изградена 1868 година. Операта почнала да се прикажува кон крајот на 19 век за да во 1947 година претставите бидат на постојан репертоар. Истата година е основана е балетската група.
Битеф, Белградски меѓународен театарски фестивал, е еден од најстарите театарски фестивали во светот. Нови театарски тенденции е постојаниот поднаслов на фестивалот. Основан во 1967 година, Битеф континуирано ги следеше најновите театарски трендови. Тој стана еден од петте најважни и најголеми европски фестивали и еден од најзначајните културни институции во Србија.
Почетоците на српската кинематографија беа воспоставени прилично рано, така што веќе 12 филма беа снимени пред почетокот на Втората светска војна. Најпознат од предвоените филмови е Битката за Косово на режисерот Михајло Поповиќ од 1939 година.
Српската кинематографија напредуваше и по Втората светска војна. Најзначајниот послевоен режисер е Душан Макавеев, кој беше меѓународно признат за филмот Љубовна случка или трагедија на поштенската службеничка од 1969 година, фокусирајќи се на тогашната југословенска политика. Неговиот филм Црна Гора беше снимен во Шведска во 1981 година. Зоран Радмиловиќ беше еден од најзначајните глумци во послевоениот период.
Српската кинематографија продолжи да напредува во 1990-тите и покрај превирањата од тој период. Емир Кустурица освои две Златни Палми за најдобар филм на Канскиот филмски фестивал, за филмот Татко на службен пат од 1985 година, а потоа и за филмот Андерграунд од 1995 година. Во 1998 година, Кустурица го освои Сребрениот лав за режија на филмот Црна мачка, Бел мачор.
До 2001 година, во Србија биле отворени 167 кина (со исклучок на Косово) и повеќе од 4 милиони Срби посетиле кино во текот на таа година. Во 2005 година филмот Сон на зимската ноќ од Горан Паскалевиќ предизвикал контраверзии околу неговата критика за улогата на Србија во југословенските војни од 1990-тите години.
Неколку српско-американски режисери создадоа лабава, интелектуална мултимедијална традиција и работат во истакнати академски институции, а исто така создаваат дела карактеристични по високите стилски експерименти. Во оваа група се вбројуваат: Славко Воркапиќ, творец на познати монтажни секвенци за холивудски филмови и декан на филмската школа USC; Влада Петриќ, телевизиски и филмски режисер, архивист и основачки куратор на хардвардската филмска архива; и Владан Николиќ, творец на Зенит филм и трансмедиален проект, а истовремено е професор во Новата школа за друштвени медиуми во Њујорк.
Некои од најзначајните српски глумци се:
|
|
|
„Кинематографија на Србија“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.