From Wikipedia, the free encyclopedia
Смртната казна или погубување претставува правна санкција која ја добил осуденикот по судски пат како казна за извршениот прекршок. Кривичното дело може да резултираа со смртната казна, и истото е познато како капитално злосторство или капитално дело. Поимот капитал потекнува од латинскиот збор capitalis, кое буквално означува "во однос на главата" (латински caput). Во превод, оваа фраза би означувала: откинување (односно отсекување) на глава или слично.
Смртната казна е практикува речиси во секое општество, и на тој начин може да се смета како универзална, со исклучок верските водачи односно погубувања. Ова потекнува од пред сè различни земји и држави, и нивните позиции за погубувањ кои се разликуваат во однос на политичката идеологија или културниот регион на земјата. Во земјите членки на ЕУ, според член 2 на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија, се забранува употребата на смртната казна.[1]
Денес, голем дел од државите ја имаат укинато смртната казна, според податоци на Амнести интернешнал,[2] а за истото се залага и ООН преку Мораториумот на ООН за укинување на смртната казна. Но, повеќе од 60% од светската популација живее во земји каде се применува смртната казна и најверојатно нема да биде укинета во најскоро време.[3][4][5][6][7][8][9][10][11]
Извршувањето на криминални и политички погубувања се користело од страна на скоро сите општеста. Како една од основните причини била потиснување на осуденикот кон неговото политичко несогласување. Во поголемиот дел од случаите, смртната казна е проследена со убиство, шпионажа, предавство, или како дел од воена правда. Во некои земја смртната казна била и се употребува за сексуални злоупотреби, како што се силување, прељуба, инцест и слично. Во други земји пак, смртна казна се спроведува за верските злосторства. Ова посебно се однесува за исламските земји во која религијата е призната за државна а осуденикот ја отфрлува истата. Во многу земји смртната казна се употребува врз учесниците во трговијата со дрога. Во Кина, трговијата со луѓе и сериозни случаи на корупција исто така се казниви со смртна казна. Во армијата исто така во некои земји постои смртна казна доколку некој направи прекршок од типот на бегство на војникот, кукавичност, недисциплина или непослушност и слично.[12]
Употребата на смртната казна била практика уште од почетокот на т.н. пишана историја. Повеќето историски записи и разни примитивни племенски практики покажуваат дека смртната казна е дел од правниот систем. Казната обично е тесно поврзана со злосторството на прекршителот, кој во некои случаи би можело истата да биде заменета со телесна казна, бегство, егзил итн..
Крвната одмазда или освета пак постоела помеѓу општествата пред да биде воведен судскиот систем. Оваа форма на правда била заедничка пред појавата на судскиот систем кој бил заснован на религијата или организираната земја. Таа можела да произлезе од криминал, спорпво околу земјиштето или честноста. "Актите на одмазда ја истакнувале способноста на социјалнте групи да имаат можност да се бранат пред судските институции при создавање на некој прекршок вклучувајќи го и спорот околу имотот, праватаитн.." [13] Меѓутоа, на практика сепак е многу тешко да се направи разлика помеѓу “војна на одмазда“ и “војна на освојување“ односно завладување на некои имоти или права.
Смртни казни кои во текот на историјата се употребувале биле: погубување на тркало, бавно сечење или отсекување на делови од телото едно по едно, вадење на некои делови од телото, распнување, набивање на кол, кршење односно смачкување (најчесто со слон), каменување, горење на осуденикот, осакатување преку насилно теглење од сите страни на телото, сечење на телото, отсекување на главата, преку т.н. процес на скафизам итн.
По крајот на Втората светска војна настапил период во кои земјите започнале да ги укинуваат смртните казни. Во 1977 година, 16 земји го сториле тоа. Денеска, 95 земји ја укинале смртната казна. Според Hands Off Cain, најмалку 5.727 погубувања биле извршени во 26 земји во 2008 година.[14]
Земја | број |
---|---|
Кина | најмалку 1700[15] - 5000 [14] |
Иран | најмалку 346 |
Саудиска Арабија | најмалку 102 |
Северна Кореја | најмалку 63 |
САД | 37 |
Пакистан | најмалку 36 |
Ирак | најмалку 34 |
Виетнам | најмалку 19 |
Авганистан | најмалку 17 |
Јапонија | 15 |
Јемен | најмалку 13 |
Индонезија | 10 |
Либија | најмалку 8 |
Судан | најмалку 5 |
Бангладеш | 5 |
Белорусија | 4 |
Сомалија | најмалку 3 |
Египет | најмалку 2 |
Обединети Арапски Емирати | најмалку 1 |
Малезија | најмалку 1 |
Монголија | најмалку 1 |
Сингапур | најмалку 1 |
Сирија | 1 |
Бахреин | 1 |
Боцвана | 1 |
Свети Китс и Невис | 1 |
Авганистан
Бангладеш
Брунеи
Кина[16]
Република Кина[17]
Египет
Индија
Индонезија
Иран
Ирак
Кувајт
Лаос
Малезија
Оман
Пакистан
Саудиска Арабија
Сингапур
Тајланд
САД
Виетнам
Зимбабве
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.