From Wikipedia, the free encyclopedia
Неаситена маст — маст или масна киселина која содржи барем една двојна врска во маснокиселинскиот ланец. Ланецот е мононезаситен ако содржи една двојна врска, а полинезаситен ако има две или повеќе двојни врски.
Кога се образуваат двојни врски, јаглеродниот ланец ги губи водородните атоми. Така, заситената маст нема двојни врски, има најголем можен број на водородни атоми врзани за јаглеродните, и така е „заситена“ со водород. Кај клеточниот метаболизам, молекулите на незаситена маст содржат помалку енергија (т.е. помалку калории) отколку истото количество на заситена маст. Поголем степен на незаситеност на масната киселина (повеќе двојни врски) значи поголема подложност на липидна пероксидација (всалување). Антиоксидансите ја штитат незаситената маст од оваа појава.
Двојните врски може да бидат цисизомерни или трансизомерни, зависно од геометријата на двојната врска. Кај цисизомерот, водородните атоми се на истата страна во двојата врска, а кај трансизомерот тие се на спротивни страни (вид. трансмаст). Заситените масти се корисни во преработката на храната се помалку подложни на всалување и обично поцврсти на собна температура отколку незаситени масти. Незаситените ланци имаат пониска точка на топење, поради што овие моолекули ја зголемуваат течноста на клеточните мембрани.
Иако и мононезаситените и полинезаситените масти можат да ја заменат заситената маст во исхраната, транснезаситените масти не можат. Замената на заситените масти со незаситени го зголемува нивото на вкупниот холестерол и МГБ-холестероот во крвта.[1] Транснезаситените масти се исклучок бидејќи стереохемијата на двојната врска им дава склоност на јаглеродните ланци кон линеарна конформација, со што лесно се вклопуваат во цврсти наслаги. Геометријата на цисдвојната врска предизвикува искривеност во молекулата, со тоа спречувајќи цврсти образби. Природните извори на масни киселини се богати со цисизомери.
Иако полинезаситените масти штитат од аритмија, изучувањето спроведено кај средовечни жени што внесуваат релативно малку масти покажало дека полинезаситената маст е поврзана со напредувањето на коронарна атеросклероза, за разлика од мононезаситената маст, која не покажала никаква поврзаност.[2] Ова веројатно е показател за поголемата склоност на полинезаситените масти кон липидна пероксидација, против која штити витаминот Е.[3]
Примери за незаситени масни киселини се палмитолеинската, олеинската, миристолеинската, линолната и арахидонската. Незаситените масти се присутни во храни како авокадото, оревестите плодови, маслиновото масло и растителни масла како репкиното. Месните производи содржат и заситени и незаситени масти.
Иако незаситените масти обично се сметаат за поздрави од заситените,[4] Управата за храна и лекови на САД препорачува дека незаситена маст не треба да надминува 30 % од внесените калории во денот. Највеќето храни содржат и незаситени и заситени масти. На производите се нагласува само позастапениот вид на маст. Разни растителни масла со незаситени масти (како маслиновото) воедно содржат и заситена маст.[5]
Во хемиската анализа, масните киселини се одвојуваат со гасна хроматографија на метилестрите.[6] Покрај тоа, незаситени изомери можат да се одвојат со хроматографија на насобран тенок слој.[7]
Храна | Заситени | Моно- незаситени | Поли- незаситени |
---|---|---|---|
Како тежински постоток (%) од вкупните маснотии | |||
Готварски масла | |||
Алгино[8] | 4 | 92 | 4 |
Репкино[9] | 8 | 64 | 28 |
Кокосово | 87 | 13 | 0 |
Пченкарно | 13 | 24 | 59 |
Памуково[9] | 27 | 19 | 54 |
Маслиново[10] | 14 | 73 | 11 |
Палмојаткино[9] | 86 | 12 | 2 |
Палмино[9] | 51 | 39 | 10 |
Кикириткино[11] | 17 | 46 | 32 |
Оризово | 25 | 38 | 37 |
Шафраникино, високоолеинско[12] | 6 | 75 | 14 |
Шафраникино, линолно[9][13] | 6 | 14 | 75 |
Соино | 15 | 24 | 58 |
Сончогледово[14] | 11 | 20 | 69 |
Синапово | 11 | 59 | 21 |
Млечни производи | |||
Млечна маст[9] | 66 | 30 | 4 |
Сирење, жолто | 64 | 29 | 3 |
Сирење, жолто обезмастено | 60 | 30 | 0 |
Сладолед, гурмански | 62 | 29 | 4 |
Сладолед, лесен | 62 | 29 | 4 |
Млеко, полномасно | 62 | 28 | 4 |
Млеко, 2 % | 62 | 30 | 0 |
*Шлаг[15] | 66 | 26 | 5 |
Месо | |||
Говедско | 33 | 38 | 5 |
Мелена говедска кртина | 38 | 44 | 4 |
Кременадла | 35 | 44 | 8 |
Шунка | 35 | 49 | 16 |
Пилешки гради | 29 | 34 | 21 |
Пилешко | 34 | 23 | 30 |
Мисиркини гради | 30 | 20 | 30 |
Мисиркин копан | 32 | 22 | 30 |
Риба, атлантска слузоглавка | 23 | 15 | 46 |
Лосос | 28 | 33 | 28 |
Виршла, говедска | 42 | 48 | 5 |
Виршла, мисиркина | 28 | 40 | 22 |
Хамбургер | 36 | 44 | 6 |
Чизбургер | 43 | 40 | 7 |
Сендвич со похувано пилешко | 20 | 39 | 32 |
Седвич со пилешко на скара | 26 | 42 | 20 |
Колбас | 37 | 46 | 11 |
Колбас, мисиркин | 28 | 40 | 22 |
Пица, колбаси | 41 | 32 | 20 |
Пица, кашкавал | 60 | 28 | 5 |
Оревести плодови | |||
Бадеми, печени | 9 | 65 | 21 |
Индиски ореви, печени | 20 | 59 | 17 |
Макадамија, печена | 15 | 79 | 2 |
Кикиритки, печени | 14 | 50 | 31 |
Пекани, печени | 8 | 62 | 25 |
Ленено семе, мелено | 8 | 23 | 65 |
Сусам | 14 | 38 | 44 |
Соини зрна | 14 | 22 | 57 |
Сончогледови семки | 11 | 19 | 66 |
Ореви, печени | 9 | 23 | 63 |
Слатки и печива | |||
Чоколадо | 59 | 33 | 3 |
Џвакачки бомбони | 14 | 44 | 38 |
Колаче, овес и суво грозје | 22 | 47 | 27 |
Колаче, чоколадни парченца | 35 | 42 | 18 |
Колач, жолт | 60 | 25 | 10 |
Данско печиво | 50 | 31 | 14 |
Готварски и трпезни масти | |||
Путер, парче | 63 | 29 | 3 |
Путер, матен | 62 | 29 | 4 |
Маргарин, парче | 18 | 39 | 39 |
Маргарин, канче | 16 | 33 | 49 |
Маргарин, обезмастен, канче | 19 | 46 | 33 |
Свинска маст | 39 | 45 | 11 |
Растителна маст | 25 | 45 | 26 |
Пилешка маст | 30 | 45 | 21 |
Говедска маст | 41 | 43 | 3 |
Гускина маст[16] | 33 | 55 | 11 |
Салатен прелив, сино сирење | 16 | 54 | 25 |
Салатен прелив, италијански | 14 | 24 | 58 |
Други | |||
Жолчкина маст[17] | 36 | 44 | 16 |
Авокадо[18] | 16 | 71 | 13 |
Кога не е поинаку укажано во полињата, изворот е:[19] | |||
* 3 % се трансмасти |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.