From Wikipedia, the free encyclopedia
Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55 година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.
Менопауза | |
---|---|
Синоними | Климактериум |
Специјалност | Гинекологија |
Симптоми | Отсуство на менструација од една година |
Вообичаена појава | помеѓу 48 и 52 години |
Причинители | Вообичаено е природна промена. Исто така може да биде предизвикана од хируршка интервенција при која се отстранети двата јајници и некои типови на хемотерапија. |
Лекување | Никаков, промена во животните навики |
Лекови | Менопаузална хормонска терапија, клонидин, габапентин, селективни инхибитори на репреземањето на серотонин |
Од двете страни на матката (утерусот) на жената се наоѓаат јајниците кои го произведуваат хормонот естроген. Овој хормон помага во регулирање и создавање јајце (овула) кај жената. За време на климактериумот јајниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајца и престанува менструацијата.
Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајниците на жената се извадени при хисторектомија операција (отстранување на матката).
Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години. Тие се:
Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен Остеопороза.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.