Народноослободителна војска на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Народноослободителна војска на Македонија (НОВМ) — македонска војска која се создала во екот на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија и Македонија во Втората светска војна. Партизанскиот облик на вооружена борба преовладувал до средината на 1943 година, кога биле формирани поголеми воени формации кои имале маневарски карактер, но биле организациски похомогени и поквалитетни од партизанските одреди. Примената на комбиниран облик на вооружена борба почнала во втората половина на 1943 година.
Знамето на НОВМ | |
Кратенка | НОВМ |
---|---|
Основана | 1943 |
Укината | 1945 |
Вид | воена организација |
Правен статус | расформирана |
Цел | народноослободителна |
Регион | Вардарска Македонија |
Членство | 1,000-8,000(1941)-66,000(1944)-100,000(1945) |
Службени јазици | македонски |
Командант | Мирче Ацев Михајло Апостолски Методија Андонов - Ченто |
Главно тело | Главен штаб на НОВ |
Во текот на војната во македонската војска биле формирани 24 пешадиски бригади, шест артилериски, четири инженериски, една автомобилска и една коњаничка бригада. Од овие бригади формирани се седум дивизии, а подоцна и 8-та дивизија на КНОЈ, како и три корпуси. Бројната состојба на НОВМ во декември 1944 изнесувала околу 66.000 борци, во март 1945 година 83.814, а по капитулацијата на Нацистичка Германија на 9 мај 1945 година НОВМ имала околу 110.000 борци [1].
Антифашистичкиот отпор започнал на 11 октомври 1941 година, со појавата на македонските партизански одреди кои, во текот на војната, прераснале во Народноослободителна Војска на Македонија. Денот на создавањето на првата поголема единица, баталјонот Мирче Ацев, на 18 август 1943 на планината Славеј [2] помеѓу Охрид, Охридското Езеро и Кичево, е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија.
На 11 ноември 1943 година, била формирана Првата македонско-косовско ударна бригада во западна Македонија со обединување на два македонски и еден косовски баталјон. Втора поголема воена единица била Втората македонска ударна бригада која што била формирана на 22 декември 1943 година [3]. На 26 февруари 1944 година во селото Жегљане, во близина на Куманово, била формирана Третата македонска ударна бригада. Овие три бригади биле јадрото на Народноослободителна Војска на Македонија, која по постојаните битки станувала бројчено посилна. Од 7.000 партизани на крајот на 1943 година, до завршните воените операции за ослободување на Југославија во април 1945 година, Народноослободителна Војска на Македонија се зголемила на три корпуси, седум дивизии и триесет бригади, со вкупно 100.000 редовни војници [4].
Војската била предводена од Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, на чело со Михајло Апостолски [5].
Хронолошкиот број на НОВМ во текот на годините [6]:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.