Четврта македонска ударна бригада

From Wikipedia, the free encyclopedia

Четврта македонска ударна бригада

Четвртата македонска ударна бригада била воена единица на НОВ и ПОМ, формирана во Лисец, на планината Плачковица. Дејствувала од 24 јули 1944 до 1945 година. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска бригада и од новопристигнати борци.

Кратки факти Четврта македонска ударна бригада, Активна ...
Четврта македонска ударна бригада
Thumb
Четвртата македонска бригада во марш, летото 1944 година.
Активна24 јули 1944 – мај 1945
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Борис Милевски, Никола Пеев - Груев
Затвори
Thumb
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)
Thumb
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)

Команден состав

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

  • Борис Милевски - командант од 23 јули до 3 октомври 1944 година
  • Никола Пеев - Груев - командант од 3 октомври 1944 година

Политички комесари биле:

  • Кирил Михајловски - Груица - од 23 јули 1944 година
  • Раде Гогов - Црноречки - до 17 септември 1944 година
  • Момчило Митревски - од 17 октомври 1944 година

Борбени дејства

Бригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.[2][3]

Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија.[1]

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.