From Wikipedia, the free encyclopedia
Граматиката на кинескиот јазик — тука на стандардниот мандарински — дели слични граматички особености со многу јазични варијанти или дијалекти на кинескиот јазик, различни од оние кај други јазични семејства, и споредливи со сличностите кои ги наоѓаме, на пример, кај словенските или семитските јазици. Освен генетската сличност со синотибетските јазици на кои им припаѓа кинескиот, постојат и големи сличности со источноазискиот јазичен сојуз, група директно несродни јазици со меѓусебно влијание, во кој спаѓаат јапонскиот и корејскиот.
Клучна одлика на кинеската граматика е тоа што сите зборови имаат само по една граматичка форма, бидејќи јазикот нема коњугации, деклинации и друга флексија (со мали исклучоци). Кинескиот не разликува број кај именките и време кај глаголите, туку тие идеи се изразуваат по пат на збороред или честички.
Без флексија, кинеската граматика можеби изгледа прилично проста во споредба со многу од високофлексивните индоевропски јазици. Меѓутоа кинескиот се одликува со мошне сложена синтакса. Кинескиот е аналитички јазик (или изолирачки јазик). Аналитички јазик е јазик во кој синтаксата и значењето претежно се изразуваат по пат на честички и збороред наместо со флексија. Разликувањето на честичките во кинескиот може да биде тешко за странците.
Кинескиот се смета за темоистакнат јазик, каде темата на реченицата (првичната информација на која се заснова реченицата) ужива првенство. На пример, следниве реченици не се го следат правилото за предност на подметот, но сосема одговара на темокоментарниот состав (традиционални знаци во загради):
Реченицата во мандаринскиот го има составот „подмет-прирок-предмет“, бидејќи глаголот стои пред, а не по предметот кај простите реченици, но мандаринскиот има и многу одлики на „подмет-предмет-прирок“ како турскиот. Ова најдобро се гледа по зборовниот ред, каде придавките и прилозите стојат пред главниот (опишан) збор, како кај јазиците од вториот тип, а не по него, како кај јазиците со првоспоменатиот облик. Така
Покрај ова, кинескиот во многу конструкции користи постпозиции наместо претпозиции, на пример:
Мандаринскиот исто така обликува придавни изрази наместо зависност кај речениците, на пример:
Покрај ова, глаголските изрази доаѓаат на крај на реченицата ако предметот или идиректниот предмет е „обележан“. На пример, постојат два типа на акузативи во мандаринскиот. Акузативот I е почестиот. Акузативот II значи промена на состојбата кај предметот, и дава посилен смисол на дејствие врз предметот, и се обележува со претставката 把 ба и со поместување на глаголскиот израз на крајот на реченицата.
На тој начин, речениците со индиректен предмет обележани со дативното 給/给 геј– или речениците со пасивна конструкција (каде предметот има претставка 被 беј–) следат ППГ збороред:
Глаголскиот вид е граматичко средство кое ни кажува за временскиот тек на јазикот. Кинескиот има уникатен комплет видови: на пример, постојат два свршени вида, 了 (-ле) и 過/过 (-гуо) со суптилна разлика во значењето.
Двата несвршени вида, 正在 (ченгцај-) и 著/着 (-џе) исто така се разликуваат во нијанси:
Со други зборови, ако има смисла реченицата да се постави како „во сред“, тогаш веројатно е потребен џенгцај; во друг случај, џе. Така, „Јас сум [во сред] закачување на слики“ е џенгцај, но „На слика [во сред] закачување на ѕид“ е џе.
Оваа реченица може да се изрази и со 走一走 цоу ји цоу, што значи една иста работа, и може да се преведе како „одам малку одење“.
Друга категорија граматички средства уникатна за кинескиот се модалните честички, кои се користат за изразување на начин, или за односот на еден исказ со реалноста и/или намерите. Од нив најважни се:
Свршеното ле и зачетното ле се два различни збора. Кинескиот јазичар Џао Јуенжен вели дека тие имаат потекло од сосема различни зборови.[1] Фактот што денеска тие се пишуваат исто може да биде збунувачки. Погледајте ја следнава реченица:
Одбележувачот на глаголски вид ле доаѓа по преоден или непреоден глагол. Модалната честички ле доаѓа на крајот на реченицата и ја води сета реченица. Кога еден непреоден глагол доаѓа на крајот на реченицата, единствениот начин да се одреди дали ле на крајот од реченицата е свршен или зачетен е да се погледа на општествениот контекст. Горенаведенава реченица има две различни значења. Во еден случај, на пример, некој оддалеку зборува со мајка си на телефон и сака да ја убеди да дојде кај него на прослава. Тој го спушта телефонот и вели: „Мама (јао) лајј ле!“ Ова би значело дека мајката пред тоа не сакала да дојде, но сега се предомислила и ќе доаѓа. Меѓутоа ако некој затропа на влезната врата и тој што отвора извика: „Мāма лáи ле!“, тоа би значело дека таа дошла.
Сериската конструкција на глаголи е основна одлика на кинеската граматика, каде два или повеќе глагола заедно. Ова се среќава при: двојни (комплементарни) глаголи, кое се јавува по главниот глагол, и коглаголи, кои се јавуваат пред главниот глагол. Ваквото составување на комплементарни глаголи го наоѓаме и во турскиот јазик (на пр. gitmek, vermek, и olarak) и два други поголеми јазици во североисточна Азија, јапонскиот и корејскиот јазик (Граматика на јапонскиот јазик; Граматика на корејскиот јазик).
Кинеските реченици во голема мера се занимаваат со исходот и насоката на глаголот, каде што тоа е применливо. Заради ова, кинескиот има развиено моќна граматичка машинерија која овозможува образување на реченици со двојни глаголи.
Ова се прави така што кон активниот глагол во реченицата му се придодава (суфиксира) втор (комплементарен) глагол кој укажува на исходот од првото дејствие, или пак насоката каде тој отишол. Во вакви случаи укажувањето на овој начин е задолжително.
Исходниот комплемент има две варијанти: една го искажива апсолутниот исход, додека другата го искажува можниот или веројатниот исход. На пример, глаголот 听 [聽] тинг, „слуша“) би бил активен глагол, а 懂 (дунг, „сфаќа“, „знае“) би бил исходен комплемент.
Исходниот комплемент е многу моќна конструкција, и се користи често. Изразите како 饿死了 [餓死了] (е се ле, буквално: веќе гладен до смрт, со значење „гладувам“) и 气死了 [氣死了] (чи се ле, буквално: бесен до смрт, со значење „ (јас) сум крајно лут“) се пикантни додатоци на јазикот. Покрај ова, можеме да анализираме многу наставки за вид од аспект на исходниот комплемент; на пример, 了 (ле) значи „готово“ или „веќе“, па така е јасно дека ако тој се стави по глаголот, тој преоѓа во свршена форма. Сличноста запира тука, иако на пример, невозможно е да се конструира можен комплимент кој користи 了 (ле), иако тоа е можно со 了 (љао) (ист знак, различен звук). Иако вториот начин на читање има исто значење како првиот, кај исходниот комплемент едноставно ја означува неможноста за некој глагол (на пр. 受不了, не може да трпи нешто или некој, како „Не можам да истрпам!“). Употребата на исходен комплемент (за едноставно негирање на некои глаголи) е прилично честа. Глаголите кои можат на се негираат на ваков начин често и мораат така што се негираат.
Понекогаш, користејќи го исходниот комплемент, се формираат идиоматски фрази кои немаат никаква врска со исходот. На пример, изразите 看不起, 对不起 [對不起] и 买不起 [買不起] користат 起 (чи, подигање) како исходен комплемент, но нивните значења (погледнува надолу, се извиннува, не може да си приушти) очигледно не се поврзани со фактичкото значење на знаците. Ова се јавува како резултат од метафорични конструкции, каде 看不起 буквално значи не може да погледа нагоре (погледа надолу), и 对不起 [對不起] не може да се соочи (со некој).
Насоката на едно дејствие во движење мора да се назначи. На наједноставно ниво, двата насочни комплемента 去 (чи, оди) и 来 [來] (лај, доаѓа) мора да се прикачат на крајот на глаголот за да се покаже дека дејствието некако доаѓа кон или си оди од говорникот. Ова може да се состави и со други глаголи кои уште повеќе ја конкретизираат насоката, како да речеме 上去 (шанг чи, качува), 过来 [過來] (гуо лај, доаѓа наваму), кои самите може да бидат прикачени кон некој глагол (како 走过去 [走過去], цоу гуо чи, одење преку). Овие обично ги наоѓаме во апсолутна форма, иако постојат и противпримери (起不来床 [起不來床] или 起床不來, не може да стане од кревет). Друг пример:
Најпосле, кинеските именки бараат мерачи (мерни зборови или класификатори) за да можат се избројат. Значи кога се назначува количеството на избројливата именка, мерачот мора да се согласи со именката. Затоа мораме да кажеме „兩頭牛/两头牛 две глава говеда“, не две крави, со тоа што „頭/头 глава“ е мерната единица, или мерен збор. Овој феномен е чест кај источноазиските јазици. Ова го наоѓаме и во македонскиот, каде велиме: „две рала чевли“, „ѕевгар волови“, „три шишиња ракија“ (три ракии).
Мерачите служат слична, но не иста функција како родот на именките кај индоевропските јазици. Додека постојат можеби стотици мерачи кои мораат да се запамтат за секоја именка посебно,огромен дел од зборовите обично користат „個/个 ге“, аналогно на среден род, и многу од оние кои користат други можат да користат и „個/个“ по желба на говорникот. Меѓутоа мерачите не се соема аналогни на род, бидејќи тие често носат лексичко значење. Мерните зборови имаат свои поврзани групи на именки сродни по значење, како да речеме "條/条 тиао" за долги, тенки предмети и животни (на пр. гајтани, змии или риби), „把 ба“ за предмети со рачки (на пр. ножеви, чадори) „張/张 џанг“ за хартија и хартиени предмети (фотографии и др). Меѓутоа мерачите на многу именки се и произволни. „Маса“ (桌子 џуоце) е џанг именка, а „столче“ (椅子 јице) е ба именка, додека друг збор за столче, „денгце“ е именка од среден род „个“.
Наставките за неодредените и демонстративните членови исто така мораат да се сложат со соодветниот мерач на именката. На пример, „гоу“ значи куче или „кучето“. Но за да дадеме на знаење дека „тоа/тоа (кон обратениот) /ова куче“ (демонстратив) треба да речеме „нејџе/наџе/џејџе гоу“, а за да речеме „куче“ велиме „јиџе гоу“, каде наставката „-џе“ се сложува по „род“ со именката „гоу“. На ваков начин, „тоа/тоа (кон обратениот) ова/куќа“ се „нејѕуо/наѕуо/џеѕуо/јиѕуо фангѕе“, каде наставката -цуо се сложува со именката „фангце“.
За низа зборови и предмети спарени со апозитив со мерач (мерен збор), овој апозитивен броен израз обично го следи номиналниот израз. На пример
Во „DS-230和OF-169两份表格“, 两 лианг значи „два“, 份 фен значи „комплет“, и 表格 биаоге е именката „формулар(и)“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.