Говрлево
село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Говрлево — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Говрлево | |
Запуштени куќи во Говрлево | |
Координати 41°55′58″N 21°20′38″E | |
Регион | Скопски |
Општина | Сопиште |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25059 |
Надм. вис. | 527 м |
Говрлево на општинската карта Атарот на Говрлево во рамките на општината | |
Говрлево на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 25 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 76 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 174 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 244 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци[5].[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци[5], под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 513 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]
Во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 400 | 501 | 521 | 513 | 290 | 124 | 47 | 24 | 30 | 3 |
Говрлево е македонско село.
Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[15]
Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, воглавно старци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.