From Wikipedia, the free encyclopedia
Санде Радев Цветановски ( 1926 во Говрлево, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. Есента 1944 година во неговото и соседните села дејствувале македонските бригади, па најпрво ги помагал партизаните. Како младинец се вклучил во политичката дејност, настојувајќи целото население да се вклучи во помагањето на народната војска. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа на Скопска Црна Гора, учествувал во борбите за разоружувањето и ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Подоцна заминал за Срем, каде ја совладал воената обука оспособувајќи се успешно да ракува со новоприменото оружје. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во борбите за ослободување на Врпоље. Бил закопан на боиштето, каде што загинал.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.