Љубош
историско село во Општина Студеничани, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
историско село во Општина Студеничани, Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубoш (или Љубаш) — историско село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.
Љубoш | |
Координати 41°55′22″N 21°29′20″E | |
Општина | Студеничани |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 415 м |
Љубoш на општинската карта Атарот на Љубoш во рамките на општината | |
Љубoш на Ризницата |
Селото се наоѓало во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Селото се наоѓало на 2 км од Батинци.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 45 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 172 жители.[3]
Според Леонард Шулце Јена (1927)[4] и Афанасиј Селишчев (1929)[5] селото имало нејасен етнички состав.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.[6]
Според пописот од 2002 година селото нема жители.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.