Remove ads
село во Општина Неготино, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Војшанци — село во Општина Неготино, во неготинскиот дел на областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Војшанци | |
Поглед на југоисточниот дел на Војшанци | |
Координати 41°28′30″N 22°09′50″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 365 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18006 |
Надм. вис. | 140 м |
Војшанци на општинската карта Атарот на Војшанци во рамките на општината | |
Војшанци на Ризницата |
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Неготино, непосредно на левата страна на реката Вардар.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 140 метри, а од градот Неготино е оддалечено 9 километри.[2]
Селото се наоѓа на левиот брег на Вардар, при устието на Војшанска Река, во самата рамница. Водата за пиење потекнувала од бунари и чешми. Во полето се наоѓа Турчинова Чешма, а во долината Извори.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лак, Лака, Горна Лака, Ајдарина, Огради, Мера, Мрвјаник, Рудине, Мечин Дол, Сиви Кобили, Криво Долче, Караташ, Црвена Чука, Скрка, Пењајка и Пепелишче.[3]
Селото има збиен тип со разредени краеви. Во минатото, Горното Маало се наоѓа на десниот, додека Сојкар и Долно Маало на левиот брег од долината.[3]
Пред населувањето на муслиманите, христијаните имале свој манастир „Св. Илија“, а околу него се наоѓале гробишта.[3]
Во селото живеело христијанско население до почетокот на XX век во Чифлик кај Долно Маало.[3]
На пасиштата над селото зиме доаѓале Власи од Плачковица.[3]
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 15 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 664,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 639,4 хектари, а на шумите само 82,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.[2]
Селаните се занимавале со земјоделство. Најплодното земјиште е во поплавните делови долж селската река.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Војшанци имало 420 жители, Македонци (110 православни и 310 муслимани).[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војшанци имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Војшанци е средно по големина село без некои значителни промени во бројот на населението. Во 1961 година селото броело 427 жители, од кои 379 биле Македонци, 39 Срби и седум жители Турци, додека во 1994 година селото имало 441 жител, од кои 420 биле Македонци, а 20 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војшанци имало 432 жители, од кои 423 Македонци и 9 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 365 жители, од кои 344 Македонци, 5 Срби, 1 Бошњак, 2 останати и 13 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Војшанци:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 249 |
1953 | 308 | 0 | 14 | 54 | — | 0 | — | 376 |
1961 | 379 | 0 | 7 | 39 | — | 2 | — | 427 |
1971 | 384 | 3 | 0 | 51 | — | 0 | — | 438 |
1981 | 394 | 0 | 0 | 42 | — | 13 | — | 449 |
1991 | 417 | 0 | 0 | 23 | — | 3 | — | 443 |
1994 | 420 | 0 | 0 | 20 | — | 1 | — | 441 |
2002 | 423 | 0 | 0 | 9 | — | 0 | — | 432 |
2021 | 344 | 0 | 0 | 5 | 1 | 2 | 13 | 365 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Војшанци било муслиманско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Во XIX век, Војшанци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Војшанци, се наоѓале и селата Брусник, Јанешево, Калањево, Криволак, Липа, Пепелиште, Пештерница, Црвени Брегови и Џидимирци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.
Во селото постои избирачкото место бр. 1232 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Брусник, Калањево и Липа.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 315 гласачи.[10]
Во селото постои фудбалскиот клуб „Напредок“.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.