Бранденбург на Хафел

град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бранденбург на Хафелmap

Бранденбург на Хафел (германски: Brandenburg an der Havel) — град во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на бреговите на реката Хафел. Градот Бранденбург го обезбедил името на средновековната Бискупија Бранденбург, Маркгрофовијата Бранденбург и на денешната покраина Бранденбург. Денес е мал град спореден со блискиот Берлин, но бил првобитното јадро на поранешните владетели на Бранденбург и Прусија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург ...
Бранденбург на Хафел
Thumb
Бранденбуршката катедрала
Бранденбуршката катедрала
Thumb
Thumb
Thumb
Бранденбург на Хафел
Управа
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
ОкругУрбан округ
ГрадоначалникДитлинд Тиман (ДХС)
Основни податоци
Површина228,80 км2
Надм. височина32 м
Население 73.609 (31 декември 2022)[1]
 - Густина322 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BRB
Пошт. бр.14772–14778
Повик. бр.03381
Порталwww.stadt-brandenburg.de
Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург
Thumb
Местоположба на градот Бранденбург на Хафел во Бранденбург
Координати52°25′0″N 12°32′0″E
Затвори

Историја

Замокот Бранденбург кој бил тврдина на словенското племе Хавелјани, бил освоен во 929 од кралот Хајнрих Птичарот. Градот останал германски до 983 година, кога Словените повторно успеале да го преземат. Во следните 170 години областа била управуван од словенските принцови од племето Хавелјани. Последниот од нив Прибислав умрел во 1150. Потоа, Алберт I се населил овде и станал првиот маркгроф на Бранденбург. Градот бил населен само на западниот брег на Хафел до 1196, кога се проширил и на источниот брег. Делови на обете страни на реката со векови биле сметани за три различни града (Стар град, Нов град и катедралниот округ Бранденбург).

Во 1314–1315 Стариот и Новиот град станале членки на Ханза. Во Триесетгодишната војна (1618–1648) градовите доживеале големи оштетувања и уништувања кои довеле до намалување на нивната моќ; Потсдам станал новиот главен град и дворот го напуштил градот. Во 1715 Стариот и Новиот град биле споени во еден единствен град. Во 1928 бил додаден и катедралниот округ Бранденбург.

Кон крајот на 19 век Бранденбург на Хафел станал многу важен индустриски центар во Германското Царство. Челичната индустрија била сместена во градот, како и неколку светски познати велосипедски брендови, како што се Бренабор, Корона и Екселзиор. Исто така работеле и фабрики за играчки. Поради огромниот индустриски комплекс, Германските царски железници (Deutsche Reichsbahn) во периодот помеѓу двете светски војни биле сместени во градот. Одличната сообраќајна инфраструктура била голема предност за самиот град.

Нацистичка ера

Концентрациониот логор, еден од првите во Германија, бил сместен во Стариот град на Бранденбург. По затворањето на овој камп, нацистите го користела затворот Бранденбург-Герден, сместен во Герден, предградие на Бранденбург. Подоцна стариот затвор прераснал во центар за евтаназија Бранденбург, каде нацистите убивале луѓе со ментални болести, вклучувајќи и деца. Оваа операција ја нарекле „Т4“ поради адресата во Берлин Tiergartenstraße 4, седиште на оваа планирана и добро организирана операција за евтаназија. Бранденбург на Хафел бил една од првите локации во Третиот Рајх каде нацистите експериментирале со убивање на жртвите со гас. Овде се подготвувале за масовните убиства во Аушвиц и другите концентрациони логори. По жалбите на месните жители за чадот биле затворени печките, а кратко потоа и стариот затвор.

Во 1934, компанијата Арадо (Arado Flugzeugwerke), која најпрвин била основана во Варнеминде, започнала со градба на фабрика во Бранденбург, каде започнала со производство на авиони во 1935. Фабриката била проширена во следните пет години и во текот на Втората светска војна произведувала различни воздухоплови за Луфтвафе. Постоењето на оваа фабрика била една од причините зошто Бранденбург бил силно бомбардиран во војната; до 1945 градот бил 70% уништен.

Фридрих Фром, германски офицер вмешан во јулската завера за убиство на Хитлер, бил погубен овде во март 1945 за неговото учество во заверата, иако Фром ги предал другите учесници и ја наредил нивната смрт.

По обединувањето, населението во градот опаднале од над 100.000 во 1989 до околу 75.000 во 2005 поради емиграцијата. Главно се иселувале младите луѓе по потрага за подобра иднина. Како последица на тоа, иднината на градот е неизвесна.

Демографија

Повеќе информации Година, Население ...
Година Население
160010.000
16483.000
171511.000
181812.800
183013.538
3 декември 186121.600
3 декември 186426.000
3 декември 186725.500
1 декември 187125.800
1 декември 187527.371
1 декември 188029.066
1 декември 188533.129
1 декември 189037.817
Година Население
2 декември 189542.690
1 декември 190049.250
1 декември 190551.200
1 декември 191053.595
1 декември 191648.039
5 декември 191749.565
8 октомври 191952.972
16 јуни 192559.297
16 јуни 193364.190
17 мај 193983.825
1 декември 194568.927
29 октомври 194670.632
31 август 195082.215
Година Население
31 декември 195587.143
31 декември 196086.722
31 декември 196489.697
1 јануари 197193.983
31 декември 197593.765
31 декември 198194.680
31 декември 198594.862
31 декември 198894.872
31 декември 199089.889
31 декември 199585.994
31 декември 200077.516
31 декември 200574.129
31 декември 201071.778
Затвори

Сообраќај

Градот се наоѓа на пловната река Хафел, европски воден пат и пловилата кои поминуваат низ градот имаат две рути. Првичната рута го користи градскиот канал во должина од 4 километри низ самиот центар на градот, но оваа рута е ограничена во големина на пловилата. Комерцијалниот сообраќај го користи каналот Сило кој поминува низ источните и северните делови на градот.[2]

Градот се наоѓа на раскрсницата на автопатите А1 и А102, додека автопатот А2 е во близина. Железничката линија Берлин - Потсдам - Магдебург поминува низ градот.

Главниот дел на урбаниот јавен превоз е трамвајската мрежа.

Знаменитости

Thumb
Панорамски поглед на Бранденбург.

Катедралниот остров (Dominsel) — историското срце на градот. Овде се наоѓа најстарата градба: Катедрлата Св. Петар и Павле (Dom St. Peter und Paul). Иако изградбата започнала во романескнен стил во 1165, била завршена како готска катедрала во текот на 14 век. Додека надворешноста е помалку едноставна, катедралата го изненадува посетителот со својата раскошна внатрешност, особено насликаната крипта во Шарената капела (Bunte Kapelle) и органата Вагнер (1725), една од најпознатите барокни органи во Германија.

Црквата Св. Катарина (Katharinenkirche) изградена во 1401 во Новиот град е импресивен примерок на северногерманската готска архитектура со тули. Црквата Св. Готхарт (Gotthardtkirche) била изградена од истиот материјал неколку години подоцна.

Друга интересна градба е Старото градско собрание (Altstädtisches Rathaus), доцноготска градба со тули. Пред нејзе се наоѓа скулптура на витезот Роланд, висока 5,35 метри. Направена од песочник, скулптурата била поставена во 1474 како симбол на независноста на градот.

Постои дел од средновековните ѕидини на градот, како и четири зачувани кули: Steintorturm и Mühlentorturm (во Новиот град) и Rathenower Torturm и Plauer Torturm (во Стариот град).

Индустрискиот музеј Бранденбург е дел од Европската патека на индустриско наследство. Бранденбург има свој театар (Brandenburger Theater), професионален симфониски оркестар (Brandenburger Symphoniker) и голем избор на локални и археолошки музеи.

Галерија

Познати жители

Збратимени градови

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.