Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евтаназија (старогрчки: ευθανασία) — постапка при која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен што страда од неизлечива болест.[1][2] Евтаназијата е категоризирана на различни начини, кои вклучуваат доброволни, недоброволни и присилни.[3] Доброволна евтаназија е кога лицето сака да му заврши животот и е законска во сѐ поголем број земји. Недоброволната евтаназија се јавува кога согласноста на пациентот е недостапна и е законска во некои земји под одредени ограничени услови, како во активен, така и во пасивен облик. Присилната евтаназија, која се прави без да се бара согласност или против волјата на пациентот, е незаконска во сите земји и обично се смета за убиство.
Почнувајќи од 2006 г., евтаназијата станала најактивната област за истражување во биоетиката.[4] Во некои земји, се јавуваат поделени јавни противречности околу моралните, етичките и правните прашања поврзани со евтаназијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.