Алотропија (од старогрчки: 'ἄλλος' (алос) „друг“ и τρόπος (тропос) „начин, облик“) — својство на некои хемиски елементи да се јавуваат во повеќе облици на истата состојба[1]. Тие се наречени алотропски модификации или алотропи[2] каде атомите на елементот се врзани на различен начин. На пример, алотропски модификации на јаглеродот се дијамантот (каде јаглеродните атоми се врзани во тетраедарска решетка), графит (врзани во листови на шестаголна решетка), графенот (единечни графитни листови) и фулерени (врзани во топчести, цевчести или елипсоидни строеви).

Thumb
Дијамантот и графитот се алотропски модификации на јаглеродот: чисти облици на истиот елемент кои се разликуваат по кристална структура.

Поимот алотропија се користи само за елементи, а не за соединенија. Поопштиот поим за секое соединение е полиморфизам, иако употребата е ограничена на цврсти материјали како кристали. Алотропијата се однесува само на различните облици на еден елемент во иста фаза (состојба на материјата — цврста, течна или гасовита). Самата разлика во состојбите на материите не сочинува алотропија. Алотропските модификации на хемиските елементи често се нарекуваат полиморфи или фази на елементот.

Кај некои елементи, алотропските модификации имаат различни молекулски формули или кристални структури, како и разлики во физичката фаза; на пример, алотропските модификации на кислородот (дикислород, O2 и озон, O3) можат да се јават во цврста, течна и гасовита состојба. Други елементи немаат одделни алотропски модификации во различни фази; на пример, фосфорот има бројни цврсти алотропски модификации, и сите тие се сведуваат на истиот облик P4 кога ќе сте стопат во течна состојба.

Историја

Концептот за алотропија прв го вовел шведскиот научник и барон Јакоб Берцелиус во 1840 г..[3][4] Поимот е изведен од старогрчки: άλλοτροπἱα што значи „променливост“.[5] По усвојувањето на Авогадровата хипотеза во 1860 г. станало јасно дека елементите можат да постојат како повеќеатомски молекули, и утврдени се две алотропски модификации на кислородот, имено O2 и O3.[4] На почетокот на XX век увидено е дека во случај на јаглеродот, ова се должи на различната кристална структура.

Кон 1912 г. балтогерманскиот физичар Вилхелм Оствалд забелжал дека алотропијата на елементите едноставно претставува посебен случај на полиморфизмот забележан кај соединенијата, и ги поимите алотроп (т.е. алотропска модификација) и алотропија да се напуштат во полза на полиморф и полиморфизам.[4][6] Иако многу други хемичари се на истото мислење, Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија и најголемиот број учебници сè уште го претпочитаат поимот алотропска модификација и алотропија во случајот на елементи.[7]

Разлики во својствата на алотропските модификации

Алотропските модификации се различни структурни облици на еден ист елемент и можат да имаат прилично различни физички свосјтва и хемиски поведенија. Промената на алотропскиот облик е предизвикана од истите сили кои ги засегаат другите структури — притисок, светлина и температура. Оттука, стабилноста на дадените алотропски модификации зависи од дадените услови. За пример, железото се менува од телоцентрирана коцкеста структура (ферит) во страноцентрирана коцкеста структура (аустенит) над 906 °C, а калајот претрпува модификација наречена калајна чума од метален облик во полуспроводнички облик под 13,2 °C. Како пример за алотропски модификации со различни хемиски поведенија, озонот (O3) е многу посилен оксидатор отколку дикислородот (O2).

Список на алотропски модификации

Елементите кои можат да имаат координациски број и/или оксидациски состојби обично пројавуваат поголем број алотропни модификации. Друг чинител е способноста на елементот да прави верижни врски (катенација).

Еве примери за елементи со алотропски модификации:

Неметали

Повеќе информации Елемент, Алотропски модификации ...
Елемент Алотропски модификации
Јаглерод
  • дијамант — извонредно тврд проѕирен кристал со јаглеродни атоми распоредени во тетраедарска решетка. Слаб спроводник на струја. Одличен топлински спроводник.
  • лонсдејлит — наречен и шестаголен дијамант.
  • графен — основниот структурен елемент на другите алотропски модификации, наноцевките, дрвениот јаглер и фулерените.
  • Q-јаглерод — феромагнетна, цврста и блескава кристална структура која е потврда и посјајна од дијамантот.
  • графит — меко црно лушпесто тело, умерен електричен спроводник. Јаглеродните атоми се врзани во рамни шестаголни решетки (графен), наслоени во листови.
  • карбин
  • аморфен јаглерод
  • фулерени, вклучувајќи бакминстерфулерен како C60.
  • јаглеродни наноцевки — алотропски модификации на јаглеродот со цилиндрична наноструктура.
  • шварцити
  • циклојаглерод
  • стаклест јаглерод
Фосфор
  • бел фосфор — кристална цврста материја со тетрафосфорнни (P4) молекули
  • црвен фосфораморфно полимерно тело
  • алов фосфор
  • виолетов фосфор со моноклинска кристална структура
  • црн фосфор — полуспроводник, аналоген на графитот
  • дифосфор — гасовит обли создаден од молекули P2, стабилни помеѓу 1.200 и 2.000 °C; создадени со одвојување на молекули P4 на бел фосфор при околу 827 °C
Кислород
  • дикислород, O2 — безбоен (бледосин кога е течен или цврст)
  • озон, O3 — син
  • тетраводород, O4метастабилен
  • октаводород, O8 — црвен
Сулфур
  • цикло-пентасулфур, цикло-S5
  • цикло-хексасулфур, цикло-S6
  • цикло-хептасулфур, цикло-S7
  • цикло-октасулфур, цикло-S8
Селен
  • „црвен селен“ цикло-Se8
  • сив селен, полимерски Se
  • црн селен, неправилни полимерски прстени со должина до 1000 атоми
  • моноклински селен, темноцрвени проѕирни кристали
Затвори

Металоиди

Повеќе информации Елемент, Алотропски модификации ...
Елемент Алотропски модификации
Бор
  • аморфен бор — кафеав прав — B12 правилни икосаедри
  • α-ромбоедарски бор
  • β-ромбоедарски бор
  • γ-орторомпски бор
  • α-четираголен бор
  • β-триаголен бор
  • висикопритисочна супреспроводлива фаза
Силициум
  • аморфен силициум
  • кристален силициум, дијаматнска коцкеста структура
  • силицен, свиен рамнински еднослоен силициум, сличен на графенот
Германиум
  • α-германиум — полуметален, со иста структура како дијамантот
  • β-германиум — метален, со иста структура како бета-калајот
  • германен — свиен рамнински еднослоен силициум, сличен на графенот
Арсен
  • жолт арсен — молекулски неметален As4, со иста структура како белиот фосфор
  • сив арсен, полимерски As (металоид)
  • црн арсен — молекулски и неметален, со иста структура како црвениот фосфор
Антимон
  • синобел антимон — стабилен облик (металоид), со иста структура како сивиот арсен
  • жолт антимон (неметален)
  • црн антимон (неметален)
  • експлозивен антимон
Телур
  • аморфен телур — сиво-црн или кафеав прав[8]
  • кристален телур — шестаголна кристална структура (металоид)
Затвори

Метали

Меѓу металните елементи кои природно се јавуваат во значителни количества (56 до U, без Tc и Pm), речиси половина (27) се алотропски при амбиентален притисок: Li, Be, Na, Ca, Ti, Mn, Fe, Co, Sr, Y, Zr, Sn, La, Ce, Pr, Nd, Sm, Gd, Tb, Dy, Yb, Hf, Tl, Th, Pa и U. Некои фазни премини помеѓу алотропските облици на технолошки значајни метали се оние на Ti при 882 °C, Fe при 912 °C и 1.394 °C, Co при 422 °C, Zr при 863 °C, Sn при 13 °C и U при 668 °C и 776 °C.

Повеќе информации Елемент, Фазни називи ...
Елемент Фазни називи Просторна група Пирсонов симбол Структурен вид Опис
Литиум R3m hR9 α-самариумски Се образува под 70 K.[9]
Im3m cI2 телоцентриран коцкест Стабилен на собна температура и притисок.
cF4 страноцентриран коцкест Се образува над 7 GPa
hR1 Преодната фаза се образува ~40 GPa.
cI16 Се образува над 40 GPa.
Берилиум P63/mmc hP2 шестаголен збиено насложен Стабилен на собна температура и притисок.
Im3m cI2 телоцентриран коцкест Се образува над 1.255 °C.
Натриум R3m hR9 α-самариумски Се образува под 20 K.
Im3m cI2 телоцентриран коцкест Стабилен на собна температура и притисок.
Fm3m cF4 страноцентриран коцкест Се образува на собна температура над 65 GPa.[10]
I43d cI16 Се образува на собна температура, 108 GPa.[11]
Pnma oP8 Се образува на собна температура, 119 GPa.[12]
Магнезиум P63/mmc hP2 шестаголен збиено насложен Стабилен на собна температура и притисок.
Im3m cI2 телоцентриран коцкест Се образува над 50 GPa.[13]
Калај α-калај, сив калај, калајна чума Fd3m cF8 дијамантска коцкеста Стабилен под 13,2 °C.
β-калај, калај I41/amd tI4 β-калајна Стабилен на собна температура и притисок.
γ-калај, ромпски калај I4/mmm телоцентриран четириаголен
σ-Sn телоцентриран коцкест Се образува на многу висок притисок.[14]
станен
Железо α-Fe, ферит Im3m cI2 телоцентриран коцкест Стабилен на собна температура и притисок. Феромагнетен при T<770 °C, парамагнетен од T=770–912 °C.
γ-железо, аустенит Fm3m cF4 страноцентриран коцкест Стабилен од 912 до 1.394 °C.
δ-железо Im3m cI2 телоцентриран коцкест Стабилен од 1.394 до 1.538 °C, иста структура како α-Fe.
ε-железо, хексаферум P63/mmc hP2 шестаголен збиено насложен Стабилен на висок притисок.
Кобалт α-кобалт прост коцкест Се образува над 417 °C.
β-кобалт шестаголен збиено насложен Се образува под 417 °C.
Полониум α-полониум прост коцкест
β-полониум ромбоедарски
Затвори

Лантаноиди и актиноиди

Поврзано

  • Изомер
  • Полиморфизам (минералогија)

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.