From Wikipedia, the free encyclopedia
Акашки записи („акаша“ е санскритски збор со значење „небо“, „простор“ или „етер“) е поим што се користи во теозофијата за да го опише збирниот преглед на мистично знаење кое во шифрирана форма постои во нефизичкиот свет. За овие записи се вели дека во себе го содржат целото знаење на човештвото, како и историјата на вселената.
Статии од категоријата Окултизам |
---|
Правци |
Спиритуализам
|
Окултисти, астролози, јасновидци |
Алистер Кроули |
Магиски техники |
Акаша • Акашки записи |
Портал:Окултизам |
Метафорички се објаснува како библиотека или како еден вид „универзален компјутер“ и „умот на бога“. Понатаму се вели дека оваа „библиотека“ постојано се надградува, но дека пристапот до неа е само преку медитација. Терминот за првпат се појавува во 19 век во рамките на теозофската школа, а доминира во говорот на движењата од Њу Ејџ.
Според теозофијата, Акашките записи се однесуваат на еден универзален систем на податоци, во кој се регистрирани сите мисли, зборови и дела. Записите се „снимени“ во незабележливата супстанца наречена акаша. Во хинду мистицизмот „акаша“ е примарниот принцип од кој произлегуваат останатите четири принципи – вода, оган, земја и воздух. Овие пет принципи исто така ги претставуваат и петте сетила на човекот.
Овие записи се нарекувани и со други имиња, како на пример „космички ум“, „универзален ум“, колективно несвесно или колективна потсвест. Други, пак, сметаат дека Акашките записи ги прават возможни видовитоста и сите видови на психичка перцепција.
Мистиците, практикантите на Реики, јогистите и некои филозофи сметаат дека настаните запишани во Акаша можат да бидат „прочитани“ само кога човек се наоѓа во одредена состојба на свеста. Таа одредена состојба може ненамерно да се постигне за време на сон, болест, употреба на дроги или медитација, што значи дека не само мистиците, туку и луѓето што не се занимаваат со мистика можат да добијат информација од Акаша записите. Некои мистици велат дека „влегувањето“ во овие записи и нивното „читање“ е налик на гледање „небесна“ телевизија.
Еден од најуспешните читачи на Акашките записи е познатиот американски мистик и јасновидец Едгар Кејси. Кејси ги добивал информациите од акаша за време на сон или во транс.
Се верува дека древните народи од разни култури од планетава ги познавале и ги користеле тајните на Акашките записи. Сепак, не е пронајден никаков доказ од минатото кој би упатувал на акаша.
Акаша се смета за библиотека на сите настани. Секоја животна форма учествува во складирањето на податоци во акаша. Секој човек е способен да се обучи да влегува во оваа „небесна библиотека“, а техниките можат да бидат различни, како на пример јога, пранајама, медитација, молитва, визуелизација.
Исто како што во реалноста постојат специјализирани типови на библиотеки (на пример: за медицина, за право, за науки), така и во акаша постојат различни типови на записи (на пример: за луѓе, за животни, за растенија, за минерали, итн).
Лидбитер (C.W. Leadbeater), кој себе се сметал за јасновидец, спровел истражување во врска со Акашките записи, а резултатите ги објавил во својата книга Човек: Како, од каде, каде? Во книгата е објавена историјата на Атлантида и на други цивилизации, па дури и опис на идната цивилизација на планетата Земја во дваесет и седмиот век.[1]
Едгар Кејси ги користел записите во акаша. Тој велел дека секој човек после смртта се задржува за да ги објасни своите постапки во животот, кои се запишани во неговите лични Акаша записи, нешто налик на карма. Оваа идеја е налик на библиската Книга на животот која се прегледува за да се види дали умрениот може да се пушти во рајот.
Ервин Ласло во неговите книги Науката и полето Акаша и Науката и повторното восхитување со космосот ги изнесува последните научни истражувања на А-полето и неговата функција како извор на сè, преку употребата на вакуумското поле или полето на нулта енергија, кое тој го поврзува со Акаша – космичкиот ум, универзалната свест.
Џеин Робертс во книгите за Сет опишува различна верзија на истата идеја, преку изјавата на Сет дека основата на универзумот е идеја или свесност, и дека еднаш замислената идеја живее вечно.
Бројни книги и автори се занимавале со истражување на суштината и постоењето на Акашките записи.
Акашките записи се отфрлени од официјалната наука поради недостаток на повторливи независни и проверливи докази. Исто така и не сите религии го прифаќаат постоењето на овие записи.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.