Акаша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Акаша е санскритски збор со значење „етер“ како елемент и како митолошки симбол. Во хиндуизмот Акаша значи основа и суштина на сите нешта во материјалниот свет; најмалиот материјален елемент создаден од астралниот свет. Тоа е еден од Панчамахабхута или еден од „петте големи елементи“; главна одлика му е звукот. На јазикот хинди значењето на Акаша е небо.[1]
Статии од категоријата Окултизам |
---|
Правци |
Спиритуализам
|
Окултисти, астролози, јасновидци |
Алистер Кроули |
Магиски техники |
Акаша • Акашки записи |
Портал:Окултизам |
Акаша во различните учења
- Акаша (санскритски збор आकाश) е простор во концептот на универзумот на џаинизмот. Се дели на два дела: Лоакаса (делот на материјалниот свет) и Алоакаса (просторот зад него, кој е потполно празен). Во Лоакаса универзумот е само еден дел, а она што дава простор и место за постоењето на сè материјално е Акаша.[2]
- Во будистичката феноменологија, Акаша се дели на Сканда, Деса и Прадеса.[3]
- Хинду школата Нијаја Ваишешика тврди дека Акаша или етерот е петтата физичка супстанца, која е супстрат на квалитетот на звукот. Тоа е Една, Вечна и Сепроткајувачка физичка супстанца, која е незабележлива.[4]
- Според школата Самкја, Акаша е едно од петте Махабхута (големи физички елементи), кое има специфична одлика на звук.[5]
- Индиската Карвака филозофија тврди дека овој свет е создаден од четири елементи, и ја исклучува Акаша како петти елемент, бидејќи нејзиното постоење не може да се забележи.[6]
- Раната будистичка школа Ваибхашика постоењето на Акаша го смета за реално.[7]
Поврзано
- Акашки записи
- Класични елементи
- Ервин Ласло
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.