The Jam
англиска рок група / From Wikipedia, the free encyclopedia
The Jam ― англиска рок група основана во 1972 година во Сари. Триото, во чиј состав биле фронтменот и текстописец Пол Велер, бас гитаристот Брус Фокстон и тапанарот Рик Баклер, се распаднало на врвот на својата популарност во 1982 година.[5] Од 1977 година па сѐ до декември 1982 година, групата објавила 18 последователни песни кои се пласирале на британската топ 40 листа, а четири од нив се искачиле на прво место.[6] Тие издале еден албум во живо и шест студиски албуми, а последниот студиски албум, The Gift, се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија. По распадот на групата во 1982 година, нивните први 15 синглови биле повторно објавени и сите се пласирале во топ 100.[7]
The Jam | |
---|---|
The Jam на настап во живо во Њукасл за време на нивната турнеја Trans-global Unity, 1982 година[2] | |
Животописни податоци | |
Потекло | Вокинг, Сари, Англија |
Жанрови | |
Период на активност | 1972–1982 |
Издавачи | Polydor |
Групата за време на своето постоење била под влијание на различни музички стилови, како панк и новиот бран од 1970-тите и бит музиката од 1960-тите, соул, ритам и блуз и психоделичен рок. За најголеми хитови на The Jam се сметаат: „Down in the Tube Station at Midnight“, „The Eton Rifles“, „Going Underground“ и „Town Called Malice“.