Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ричард Вејн Пениман (англиски: Richard Wayne Penniman; 5 декември 1932 ― 9 мај 2020), професионално познат како Литл Ричард ― американски музичар, пејач и текстописец. Бил влијателна личност во популарната музика и култура седум децении. Го носи прекарот „Архитект на рокенролот“, а неговото најценето творештво датира од средината на 1950-тите, кога со неговата харизма и динамична музика, надополнети со енергично свирење на пијано и рапав вокал, ги поставил темелите на рокенролот.[1] Иновативната емотивна вокална изведба и ритмичката музика на Литл Ричард одиграле клучна улога во создавањето на други популарни музички жанрови, меѓу кои се и соул и фанк.[2] Имал влијание врз многу пејачи и музичари во разни музички жанрови од рок до хип хоп (Битлси, Џими Хендрикс, Дејвид Боуви, Ролинг Стоунс, Курт Кобејн, Елвис Присли); а неговата музика помогнала во обликувањето на ритамот и блузот со генерации.
Литл Ричард | |
---|---|
Литл Ричард во 1967 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ричард Вејн Пениман |
Роден(а) | декември 5, 1932 Макон, САД |
Починал(а) | мај 9, 2020 87) Тулахома, САД | (возр.
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1947–2020 |
Литл Ричард честопати се поистоветува со неговата најпопуларна песна „Tutti Frutti“ (1955), која станала инстант хит на поп-листите во САД и во Обединетото Кралство. Негов следен хит била песната „Long Tall Sally“ (1956) која се искачила на прво место на листата на најпродавани ритам и блуз песни на Билборд, а за помалку од три години ваков успех имал со уште петнаесет други песни. Неговите настапи во овој период резултирале со расна интеграција на белите Американци и Афроамериканците во неговата публика. Во 1962 година, по петгодишна пауза од рокенрол музиката поради религиозни причини, концертниот промотор Дон Арден го убедил да оди на турнеја низ Европа. Во тоа време, Битлси биле предгрупа на Литл Ричард на некои од концертите на турнејата. Ричард ги советувал Битлси како да ги изведуваат своите песни и го научил членот на бендот Пол Макартни на неговите карактеристични вокализации.
Литл Ричард се наведува како еден од првите кросовер црни музичари, кој имал публика од сите раси. Неговата музика и концерти ја прекинале расната поделеност, и ги зближила црнците и белците и покрај обидите да се одржи сегрегација. Многу негови современици, како Елвис Присли, Бади Холи, Бил Хејли, Џери Ли Луис, Еверли Брадерс, Џин Винсент и Еди Кокран, снимиле преработки на неговите дела. Воодушевен од неговата музика и стил, и лично обработувајќи четири песни од Ричард на неговите два албуми во 1956 година, Елвис Присли во 1969 година му рекол на Литл Ричард дека неговата музика е инспирација за него и дека тој е „најголемиот“.
Литл Ричард бил одликуван од многу институции. Тој бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот во првата група примени во 1986 година. Тој исто така бил примен во Куќата на славните текстописци. Бил добитник на наградите за животно дело од Академијата за музички уметности и науки и Ритам и блуз фондацијата. Во 2015 година, Ричард доби Рапсодија и ритам наградата од Националниот музеј за афроамериканска музика за неговата клучна улога во формирањето на популарните музички жанрови и помагањето да се стави крај на расната поделеност на музичките топ листи и на концертите во средината на 1950-тите кои што значително ја промениле американската култура. „Tutti Frutti“ во 2010 година бил вклучен во Националниот регистар за снимки при Конгресната библиотека, кои навеле дека неговиот „уникатен вокал врз неодоливиот ритам најавиле нова ера во музиката“.
Починал на 9 мај 2020 од рак на коски на возраст од 87 години.[3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.