4 век п.н.е.
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
4 век п.н.е. — век кој започнал на 1 јануари 400 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 301 г. п.н.е. Овој век се смета за дел од класичната антика.
Векот бил одбележан со издигнувањето на класичната грчка цивилизација во сите нејзини аспекти. До 400 г. п.н.е. грчката филозофија, уметност, литература и архитектура била широко распространета благодарение на бројните независни грчки колонии во земјите на источното Средоземје.[1]
Веројатно најважните политички настани во овој период се освојувањата на Александар III Македонски, кои предизвикале колапс на некогашната моќна и застрашувачка Персиска империја и ширење на грчката култура далеку на исток.[2] Александар Македонски сонувал за сојуз на истокот и западот, но кога завршил неговиот краток живот, неговата огромна империја била втурната во граѓанска војна, бидејќи генералите кои ја наследиле почнале да исцртуваат мапи на нивни посебни кралства. Така започнал Хеленистичкиот период, кој бил карактеризиран со апсолутистички пристап кон владеењето, при што грчките кралеви се окитувале со кралски одбележја и воспоставиле наследна сукцесија. Бидејќи одреден степен на демократија сè уште се одржал во некои од преостанатите независни грчки градови, многу историчари го гледаат овој период како крај на класичната Грција.
Во Индија, Мауријска империја била основана во 322 г. п.н.е. од страна на династијата Нанда и брзо ја проширила својата моќ кон централна и западна Индија, искористувајќи ги несогласувањата на локалните сили, по заминувањето на армиите на Александар Македонски.[3]
Кина во 4 век п.н.е. влегла во период на постојана војна позната како Периодот на завојуваните држави.[4] Овој периодот го одбележува брзиот подем на големите држави (како на пр. Чу) во однос на помалите, благодарение на технолошкиот напредок. Иако овој период историчарите обично го карактеризираат како премногу насилен во споредба со Периодот на пролет и есен, сепак имало подем во некои културни и општествени подрачја со ширењето на различни секти на конфуцијанството и таоизмот.