19 април
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
19 април — 109-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (110-и во престапна година). Остануваат 256 денови до крајот на годината.
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | |
07 | 08 | 09 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
Настани:
1587 | Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадис. |
1775 | Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија. |
1839 | Со Лондонскиот договор, се формира Кралството Белгија, а потврдена е и независноста на Големото Војводство Луксембург. |
1909 | Јованка Орлеанка е прогласена за светица. |
1943 | Втора светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето. |
1945 | Втора светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг. |
1956 | Склучен е бракот помеѓу американската глумица Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III. |
1961 | Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех. |
1971 | СССР ја лансира вселенската станица „Саљут“ во орбитата околу Земјата. |
1993 | Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија. |
1995 | Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви. |
1997 | Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија. |
1999 | Германското собрание се враќа во Берлин. |
2000 | Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице. |
2005 | Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI. |
2019 | Мигел Дијас-Канел станува претседател на Куба. |
Родени:
1772 | Давид Рикардо — англиски економист. |
1923 | Лижија Фагундес Телес — бразилска писателка. |
1933 | Џејн Менсфилд — американска глумица. |
1937 | Бранимир Шќепановиќ — српски писател со црногорско потекло. |
1940 | Сиднеј Посеуло — бразилски истражувач. |
1944 | Џејмс Хекман — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2000 година. |
1946 | Фарук Нафиз Озак — турски политичар. |
1947 | Мари Пераја — американски пијанист. |
1951 | Ванчо Петрушевски — македонски глумец. |
1953 | Сара Симеони — италијанска атлетичарка. |
1954 | Боб Рок — канадски музички продуцент. |
1954 | Тревор Френсис — англиски фудбалер. |
1956 | Волен Сидеров — бугарски политичар. |
1964 | Ванчо Ѓорѓиев — македонски историчар. |
1969 | Жужа Полгар — унгарска и американска шахистка. |
1970 | Абелардо Фернандес — шпански фудбалер. |
1972 | Ривалдо — бразилски фудбалер. |
1978 | Џејмс Франко — американски глумец. |
1978 | Габриел Хајнце — аргентински фудбалер. |
1979 | Кејт Хадсон — американска глумица. |
1985 | Валон Бехрами — швајцарски фудбалер со албанско потекло. |
1986 | Кендис Паркер — американска кошаркарка. |
1987 | Марија Шарапова — руска тенисерка. |
1987 | Џо Харт — англиски фудбалски голман. |
1989 | Ху Мингхај — кинески кајакар. |
Починале:
1588 | Паоло Веронезе — венецијански маниристички сликар. |
1768 | Џовани Антонио Канал (попознат како Каналето) — венецијански сликар. |
1824 | Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од времето на романтизмот. |
1828 | Франц Шуберт — австриски композитор. |
1882 | Чарлс Дарвин — британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. |
1885 | Николај Костомаров — руски историчар. |
1906 | Пјер Кири — француски физичар и хемичар, добитник на Нобеловата награда. |
1928 | Ладислав Клима — чешки писател и филозоф. |
1936 | Антон Костадинов — македонски револуционер. |
1989 | Дафне ди Марие — англиска писателка. |
1998 | Октавио Паз — мексикански писател. |
2010 | Гуру (рапер) — американски рапер, музички продуцент и глумец. |
2021 | Џим Стајнман — американски поп-композитор. |