година From Wikipedia, the free encyclopedia
2019 (MMXIX) ќе биде година според грегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2019 година од новата ера, 19. од третиот милениум, 19. од XXI век и последна од 2010-тите.
Грегоријански календар | 2019 MMXIX |
Ab urbe condita | 2772 |
Ерменски календар | 1468 ԹՎ ՌՆԿԸ |
Асирски календар | 6769 |
Бахајски календар | 175–176 |
Балиски календар | 1940–1941 |
Бенгалски календар | 1426 |
Берберски календар | 2969 |
Будистички календар | 2563 |
Бурмански календар | 1381 |
Византиски календар | 7527–7528 |
Кинески календар | 戊戌年 (зем. куче) 4715 или 4655 — до — 己亥年 (зем. свиња) 4716 или 4656 |
Коптски календар | 1735–1736 |
Етиопски календар | 2011–2012 |
Еврејски календар | 5779–5780 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2075–2076 |
- Сачка ера | 1940–1941 |
- Кали-југа | 5119–5120 |
Холоценски календар | 12019 |
Игбоански календар | 1019–1020 |
Ирански календар | 1397–1398 |
Исламски календар | 1440–1441 |
Јапонски календар | Хејсеј 31 / Рејва 1 (令和元年) |
Јавански календар | 1952–1953 |
Џуче-календар | 108 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4352 |
Мингуо-календар | Тајван 108 民國108年 |
Нанакшахи | 551 |
Тајландски сончев календар | 2562 |
Тибетски календар | 阳土狗年 (машка земја-куче) 2145 или 1764 или 992 — до — 阴土猪年 (женска земја-свиња) 2146 или 1765 или 993 |
Униксно време | 1546300800 – 1577836799 |
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7527 и 7528 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6769 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5779 и 5780 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2772.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2019 година се протега во 4655 и 4656, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4715 и 4716 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2562. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1440 и 1441 исламска година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.