година From Wikipedia, the free encyclopedia
2030 (MMXXX) ќе биде година според грегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2030 година од новата ера, 30. од третиот милениум, 30. од XXI век и прва од 2030-тите.
Грегоријански календар | 2030 MMXXX |
Ab urbe condita | 2783 |
Ерменски календар | 1479 ԹՎ ՌՆՀԹ |
Асирски календар | 6780 |
Бахајски календар | 186–187 |
Балиски календар | 1951–1952 |
Бенгалски календар | 1437 |
Берберски календар | 2980 |
Будистички календар | 2574 |
Бурмански календар | 1392 |
Византиски календар | 7538–7539 |
Кинески календар | 己酉年 (зем. петел) 4726 или 4666 — до — 庚戌年 (мет. куче) 4727 или 4667 |
Коптски календар | 1746–1747 |
Етиопски календар | 2022–2023 |
Еврејски календар | 5790–5791 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2086–2087 |
- Сачка ера | 1951–1952 |
- Кали-југа | 5130–5131 |
Холоценски календар | 12030 |
Игбоански календар | 1030–1031 |
Ирански календар | 1408–1409 |
Исламски календар | 1451–1452 |
Јапонски календар | Рејва 12 (令和12年) |
Јавански календар | 1963–1964 |
Џуче-календар | 119 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4363 |
Мингуо-календар | Тајван 119 民國119年 |
Нанакшахи | 562 |
Тајландски сончев календар | 2573 |
Тибетски календар | 阴土鸡年 (женска земја-петел) 2156 или 1775 или 1003 — до — 阳金狗年 (машко железо-куче) 2157 или 1776 или 1004 |
Униксно време | 1893456000 – 1924991999 |
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7538 и 7539 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6780 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5790 и 5791 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2783.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2030 година се протега во 4666 и 4667, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4726 и 4727 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2573. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1451 и 1452 исламска година. 2030 (MMXXX) ќе биде редовна година која започнува во четврток.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.