![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c3/Joan_of_Arc_miniature_graded.jpg/640px-Joan_of_Arc_miniature_graded.jpg&w=640&q=50)
Јованка Орлеанка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc[1] ) (6 јануари 1412 — 30 мај 1431 ) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Света Јованка Орлеанка Jeanne d'Arc | |
---|---|
![]() | |
Saint | |
Роден(а) | 1412, Домреми , Свето Римско Царство |
Починал(а) | 30 мај 1431(1431-05-30) (возр. 19), Руан, Франција |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Англиканска заедница |
Беатификација | 18 април 1909, Богородична црква од Папа Пиј X |
Канонизација | 16 мај 1920, Базилика Свети Петар, Рим од Папа Бенедикт XV |
Слава | 30 мај |
Заштитништво | France ![]() |
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.