Руан
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Руан (фр. Rouen) — пристаништен град во северозападниот дел на Франција.
Руан | ||
---|---|---|
Местоположба во регионот Горна Нормандија [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Haute-Normandie" does not exist|220px|Руан во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Haute-Normandie" does not exist]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"> [[File:Предлошка:ПолКарта France Haute-Normandie|6x6px|Руан|link=|alt=]] <div style="font-size: %; line-height: 110%; z-index:90; position: relative; top: -1.5em; width: 6em; Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“">Руан | ||
Координати: 49°26′N 1°06′E | ||
Земја | Франција | |
Регион | Горна Нормандија | |
Департман | Приморска Сена | |
Округ | Руан | |
Општ. заедница | CREA | |
Управа | ||
• Градоначалник (2012–2014) | Ивон Робер (PS) | |
Површина1 | 21,38 км2 (825 ми2) | |
• Градска | 448 км2 (173 ми2) | |
• Метро (2010) | 1.800 км2 (700 ми2) | |
Население (2012)2 | 111.557 | |
• Ранг | 36. во Франција | |
• Густина | 52/км2 (140/ми2) | |
• Градскo (2010) | 494,382 | |
• Градска | 1,1/км2 (2,9/ми2) | |
• Метро (2010) | 650,000 | |
• Метро | 0,36/км2 (0,94/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC +1) | |
INSEE/Пошт. бр. | 76540 / | |
Мреж. место | www.rouen.fr | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Градот лежи на реката Сена. Седиште е на департманот Приморска Сена и на регионот Горна Нормандија. Според податоците од 2006 година, бројот на жители изнесувал 107.904.
Првите остатоци од човечко население на овие предели потекнуваат од периодот од 9.000 до 6.000 години п.н.е.
Околу 100 година, Римјаните го основале градот Ротомагус на местото на денешниот Руан. Од 4 век, градот бил бискупско седиште (прв бискуп бил Св. Виктрис 385-410).
Во 841 година, Викинзите по првпат навлегле во градот. Судејќи по хрониките од времето на викиншките инвазии, во 911 година градот станал престолнина на Нормандиското Војводство. Во 1066 година, норманскиот војвода Вилијам Освојувачот, ја освоил и Англија.
Во 1204 година војската на францускиот крал Филип II го освоила Руан.
На 19 јануари 1419 година, за време на стогодишната војна, кралот на Англија Хенри V го освоил Руан и цела Нормандија. Јованка Орлеанка е запалена на клада во Руан на 30 мај 1431 година.
Карло VII во 1449 година повторно го освоил Руан за Франција.
Во 1843 година била отворена железничка пруга од Руан до Париз.
За време на француско-пруската војна Руан го окупирала војската на Прусија (од декември 1870 до јуни 1871 година).
Во Втората светска војна, Руан од јуни 1940 година до август 1944 бил под германска окупација. Градот во овој период бил тешко бомбардиран, посебно мостовите на Сена и железничката станица.
Руан се наоѓа на стратешка положба меѓу Париз и Атлантикот. Пристаништето е оддалечено околу 80 км од сливот на реката Сена, што претставува околу 6 часа пловидба. Градот истовремено е и речно и морско пристаниште. Пристаништето може да опслужува бродови со приближна носивост од 150.000 тони.
Руан е 28-то пристаниште на Европа според количината на транспортираната стока, и петто по ред во Франција. Тоа е најголемото пристаниште за транспорт на жито во Европа и најголемо француско пристаниште за транспорт на брашно и ѓубрива.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.