![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/29/1862Apollo_%2528Lightcurve_Inversion%2529.png/640px-1862Apollo_%2528Lightcurve_Inversion%2529.png&w=640&q=50)
1862 Аполон
астероид / From Wikipedia, the free encyclopedia
1862 Аполон е каменест астероид, со пречник од околу 1,5 километар, класифициран како близуземско тело (БЗТ). Бил откриен од германскиот астроном Карл Рајнмут во опсерваторијата Хајделберг на 24 април 1932 година, но го изгубиле и не бил пронајден до 1973 година.
![]() Тридимензионален модел на 1862 Аполон | |||||||||||||||||
Откривање[1] | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Откривач | К. Рајнмут | ||||||||||||||||
Откриено во | Хајделбершка опсерваторија. | ||||||||||||||||
Откриено | 24 април 1932 | ||||||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||||||
Наречена по | Аполон (Грчка митологија) | ||||||||||||||||
1932 HA | |||||||||||||||||
БЗТ · ПОТ Венеропресекувач Марсопресекувач Аполонски астероиди | |||||||||||||||||
Орбитални особености[1] | |||||||||||||||||
Епоха 29 декември 2009 (ЈД 2455194.5) | |||||||||||||||||
Параметар на неодреденост 0 | |||||||||||||||||
Лак на набљудување | 85.32 години (31162 денови) | ||||||||||||||||
Афел | 2.2935 AЕ | ||||||||||||||||
Перихел | 0.64699 АЕ | ||||||||||||||||
1.4702 АЕ | |||||||||||||||||
Занесеност | 0.55994 | ||||||||||||||||
1.78 година (651.15 ден) | |||||||||||||||||
144.22° | |||||||||||||||||
0° 33м 10.332с / ден | |||||||||||||||||
Наклон | 6.3530° | ||||||||||||||||
35.739° | |||||||||||||||||
285.85° | |||||||||||||||||
Земјино НРОП | 0.0257026 АЕ | ||||||||||||||||
Јупитерово НРОП | 3.06837 АЕ | ||||||||||||||||
Јупитеров Тисеранов параметар | 4.415 | ||||||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||||||
Димензии | 1,5 км[2] | ||||||||||||||||
Среден полупречник | 0.75 км | ||||||||||||||||
3.065 h (0.1277 d) | |||||||||||||||||
0.25[1][2] | |||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Q (Толенов, SMASS индекс на боја:B–V = 0.819 индекс на боја U–B = 0.481 | |||||||||||||||||
16.25[1] | |||||||||||||||||
Тој е истоимен и прв признат член на Аполонските астероиди, подгрупа на БЗТ кои се земјопресекувачи, односно ја преминуваат Земјината орбита кога се гледаат нормално со еклиптичката рамнина (преминувањето орбита е поопшт термин од фактичкото пресекување). Исто така, бидејќи орбитата на Аполон е многу ексцентрична, таа ги преминува орбитите на Венера и Марс и затоа се нарекува и венеропресекувач и марсопресекувач.
Иако Аполон бил прв откриен Аполонски астероид, неговиот официјален IAU-број (1862) е поголем од бројот на некои други аполонски астероиди, како на пример 1566 Икар, поради фактот што бил изгубен астероид повеќе од 40 години, а другите тела во меѓувреме биле нумерирани. Анализата на неговата ротација понудила опсервациски доказ за ЈОРП ефектот.[4]
Името го добил по грчкиот бог Аполон. Тој е бог на Сонцето, дете на Зевс и Лето, по што се именувани малите планети 5731 Зевс и 68 Лето.[5]