Целе
град во Долна Саксонија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Целе (германски: Celle) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
За други истоимени места, погледајте Целе (појаснување).
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Целе во рамките на округот Целе ...
Целе
Celle | |
Замокот во Целе | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Целе |
Градски единици | 17 |
Градоначалник | Јерг Ниге (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 176,01 км2 |
Надм. височина | 40 м |
Население | 69.399 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 394 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CE |
Пошт. бр. | 29221–29229 |
Повик. бр. | 05141, 05145, 05086 |
Портал | www.celle.de |
Местоположба на градот Целе во рамките на округот Целе | |
Координати | 52°37′32″N 10°04′57″E |
Затвори
Градот важи како јужна порта на Линебуршкото Поле и поседува стар град со повеќе од 400 куќи во фахверк, како и замок во ренесанса и барок. Изграден е на бреговите на реката Алер, притока на Везер.
Од 1378 до 1705 година бил официјална резиденција на Линебуршката гранка на војводите на Брауншвајг-Линебург, кои биле протерани од нивното првично седиште од тамошните жители.[2]