Гифхорн
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гифхорн (германски: Gifhorn) — град и административно седиште на истоимениот округ, во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има население од околу 42.000 жители и е под влијание на блиската оддалеченост од поголемите градови, Брауншвајг и Волфсбург. Гифхорн претставува дел од метрополитенската област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург.
Гифхорн | |
Старото Градско собрание во Гифхорн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Матијас Нерлих (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 104,86 км2 |
Надм. височина | 50−68 м |
Население | 43.625 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 416 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38501–38510, 38516, 38518 |
Повик. бр. | 05371 |
Портал | www.stadt-gifhorn.de |
Местоположба на градот Гифхорн во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°29′19″N 10°32′47″E |
Најстаро спомнување за постоењето на градот е од 1196 година.
Во градот се наоѓа Меѓународниот музеј за ветерници и воденици, кој содржи опфатна збирка и реплики на ветерници и воденици.
Градот се наоѓа помеѓу Хановер, Брауншвајг и Волфсбург, околу 20 километри северно од Брауншвајг и околу 15 километри западно од Волфсбург. Во градското подрачје, реката Изе се влева во Алер.
Следниве општини се граничат со градот Гифхорн. Почнувајќи од север надесно се (сите во округот Гифхорн): Вагенхоф, Везендорф, Варенхолц, Засенбург, Калберла, Изенбител, Рибесбител, Лајферде, Миден и Умерн.
Градот Гифхорн се состои од градското јадро со својот Стар град, како и местата Гамзен, Кешторф, Нојбокел, Вилше и Винкел.[2]
Гифхорн бил првпат споменат во 1196 година. Бил сместен на преминот на две важни трговски патишта: „Солениот пат“ (Salzstraße) како главна рута за сол помеѓу Линебург и Брауншвајг и „Пченкарниот пат“ (Kornstraße) помеѓу Целе и Магдебург.
Во градот се наоѓаат повеќе средни училишта и гимназии.
Железничката станица во Гифхорн се наоѓа во јужниот дел на градот. Во близина на градот се пресретнуваат правците Б4 и Б188.
Гифхорн е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.