Херман Вајл
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херман Клаус Хуго Вејл Elmshorn, 9 ноември 1885 - Цирих, 8 декември 1955 , германски математичар, еден од најголемите математичари на дваесеттиот век. Иако го поминал најголемиот дел од својот работен живот во Цирих, а потоа и во Принстон, Вајл бил претставник на Математичкото училиште Гетен, каде учители му билр Давид Хилберт и Херман Минковски. Најзначајните, веројатно, се Хермановите трудови од теоријата на репрезентација на (непрекидни)групи, на која ѝ поставил темели, со примена на проблемите во геометријата и физиката, кои Вајл еднаш ги опишал како свои најдобри достигнувања. Неговите истражувања се од големото значење како во теоретската физика, и во квантната механика, теоријата на калибар инвариант и бројните гранки на теоретската математика, како што се хармониска анализа, теорија на броеви, комплексна анализа, диференцијални и интегрални равенки, а исто така се интересирал и за основите на математиката.
Херман Вајл |
---|
Вајл бил еден од клучните членови на Принстонскиот институт за напредни студии во неговите најрани години во создавање на единствен и меѓународен поглед и еден од највлијателните математичари на дваесеттиот век воопшто. Тој објавил голем број на стручни и општи трудови за просторот, времето, материјата, филозофијата, логиката, симетријата и историјата на математиката. Во целост напишал над 200 дела и неколку книги. Тој бил еден од првите кој ја споил општата теорија на релативноста со законите на електромагнетиката. Иако ниту еден математичар од неговата генерација не претендирал за универзалноста на Анри Поенкаре или Давид Хилберт, Вајл сигурно бил најблиску до тој идеал. Мајкл Атија рекол дека, секогаш кога ќе почне да истражува поле, откривал дека Веил веќе му претходел.
Поради сличноста на презимето, Херман Вајла често се меша со францускиот математичар Андре Вејл. Математичарите честопати велат дека се работи за шега дека ова е еден од ретките примери во кои грешките во говорот што ќе ги направи некој нема да го навредат ниту еден од нив.