![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/Navier_Stokes_Laminar.svg/langmk-640px-Navier_Stokes_Laminar.svg.png&w=640&q=50)
Диференцијална равенка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Диференцијална равенка — математичка равенка што ги поврзува функција со нејзините изводи. Всушност, функциите најчесто претставуваат физички величини а изводите се нивните чекори на промена, и притоа равенката го покажува заемодејството меѓу двете. Бидејќи ваквите односи се крајно чести, диференцијалните равенки имаат важна улога во многу дисциплини како што се: инженерството, физиката, економијата и биологијата.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cd/Elmer-pump-heatequation.png/640px-Elmer-pump-heatequation.png)
Во чистата математика, диференцијалните равенки се изучувани од различни гледишта, најчесто се изнаоѓаат нивните решенија, збирот на функции кои важат за равенката. Само наједноставните диференцијални равенки се решливи со експлицитни равенки, сепак, некои својства на решенијата на дадена диференцијална равенка можат да се определат без да се определи нивниот точен облик.
Во равенка за која не е можно да се добие решение, решението може да се добие приближно бројчено со употреба на сметачи. Теоријата на динамички системи осврнува на квалитативната анализа на системите опишани со диференцијалните равенки, додека пак многуте бројчени методи кои се развиени за определување на решенијата имаат определена точност.