Равенка
математички исказ што цели дека два израза се еднакви / From Wikipedia, the free encyclopedia
Равенка е математички израз со една или повеќе променливи величини наречени непознати[1] Равенката изгледа како равенство, но има многу поинаква смисла и значење: Равенството е исказ што вели дека левата и десната страна на знакот за равенство (=) се истоветни или претставуваат ист математички објект. Пример за равенство би бил 2 + 2 = 4. Равенката пак, не е исказ, туку проблем кој бара наоѓање на вредностите, т.е. решение. Кога непознатите ќе се решат (заменат со точните вредности), равенката стаува равенство. На пример, 2 е решението на равенката x + 2 = 4, каде непозната е x.
Равенка може да значи и заемен однос на некои променливи што се изразува со равенствата на вредностите на нивните изрази. На пример, равенката на единичната кружница гласи x2 + y2 = 1, што значи дека точката ѝ припаѓа на кружницата ако и само ако нејзините координати се во однос во оваа равенка. Со вакви равенки се претставуваат законите на физиката. Меѓу најпрепознатливите е Ајнштајновата равенка за еднаквост на масата и енергијата „E=mc2“.
Изумител на симболот „=“ е велшкиот математичар Роберт Рекорд, кој го претставил во делото „Острило за умот“ (1557).[2] Рекорд сметал дека ништо не може да биде поеднакво од две напоредни отсечки со иста должина.