![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c5/De_Raum_zeit_Minkowski_Bild.jpg/640px-De_Raum_zeit_Minkowski_Bild.jpg&w=640&q=50)
Херман Минковски
германски математичар и физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Херман Минковски (22 јуни 1864 - 12 јануари 1909 ) — германски математичар со еврејско потекло, професор во Конигзберг, Цирих и Гетинген. Тој ја создал и ја развил геометријата на броеви и користел геометриски методи за решавање на проблемите во теоријата на броеви, математичката физика и теоријата на релативноста.
Кратки факти Херман Минковски, Роден(а) ...
Херман Минковски | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 22 јуни 1864(1864-06-22) Алексота, Русија |
Починал(а) | 12 јануари 1909(1909-01-12) (возр. 44) Гетинген, Германија |
Националност | Германска |
Полиња | Математичар |
Установи | Гетингенски универзитет и ЕТХ Цирих |
Образование | Конигзбершки универзитет |
Докторски ментор | Фердинанд фон Линдман |
Докторанди | Константин Каратеодори Луис Коларос Денес Кониг |
Познат по | Минковскиев простор Минковскиев дијаграм Минковскиева теорема |
Сопружник | Август Адлер |
Деца | Лили (1898–1983), Рут (b.1902) |
Затвори
Минковски е можеби најпознат по неговата работа во релативноста, во која тој покажал во 1907 година дека специјалната теорија на релативноста на неговиот поранешен ученик Алберт Ајнштајн, може да се разгледува и геометриски како теорија на четири димензионално време-простор, познато како „Минковскиев време-простор“.