From Wikipedia, the free encyclopedia
Материја — сè што има маса и зазема простор. Според едно современо гледиште, материја се сите научно забележливи ентитети, без исклучок. Материја може уште попрецизно да се дефинира како енергија што има ниска стапка на вибрации, збиена состојба на енергијата. Оваа дефиниција е ограничена на ентитети со кои се занимава физиката.
Материјата вообичаено се класифицира во три класични состојби, понекогаш со плазмата додадена како четврта состојба. Одгоре надолу: кварц (цврста агрегатна состојба), вода (течност), азот диоксид (гас) и плазма кугла (плазма). |
Материјата може да постои во трите основни облици, таканаречени агрегатни состојби, што зависи од распоредот на атомите и молекулите.
Гасот е материја која нема постојан волумен, туку го исполнува просторот со кој е опкружен. Честичките на гасот не се меѓусебно поврзани, туку во сите правци се движат слободно и брзо.
Течноста има постојан волумен, но го менува обликот така што се прилагодува на садот во кој се наоѓа. Нејзините честички меѓусебно се допираат, но не се цврсто поврзани.
Цврстата материја има одредена големина како и одреден облик. Честичките на цврстата материја цврсто се поврзани со силни врски, и таа има цврста градба.
Водата е материја која често ја сретнуваме во различни агрегатни состојби.
Кога температурата на водата ќе падне под 0℃ , се претвора во тврда материја и тогаш ја нарекуваме мраз.
Водата е течност кога нејзината температура е помеѓу 0℃ и 100℃.
Водата се претвора во гасовита форма, таканаречена пареа, кога нејзината температура е поголема од 100℃.
Честичките можат да се ослободат и исчезнат од течноста, и тоа го нарекуваме испарување (евапорација). Сите течности се претвораат во гас кога ќе ја достигнат својата точка на вриење. Кога гасот ќе се излади, се претвора во течност, т.е. се кондензира.
Кога течноста ќе се излади под одредена температура, таканаречена точка на топење или мрзнење, таа се замрзнува или станува тврда. Ако е температурата над точката на замрзнување, пак се претвора во течност.
Некои материи, како на пример јаглерод диоксидот, преминуваат со загревање од тврда состојба во гас, а притоа не поминуваат низ течна состојба. Тоа се вика сублимација. Сублимација го наребуваме и спротивното претворање, од гас во тврда состојба.
Смесите се делат на два основни типа: колоиди и раствори. Во растворот две или пповеќе материи се разложуваат до атоми или молекули. Колоидот е смеса на повеќе честички на една материја.
Самородните елементи се ретки во природата. Повеќето материи се состојат од два или повеќе елементи кои хемиската реакција ги поврзала во соединение. Кога го загреваме железото со сулфурот, хемиската реакција ги поврзува нивните атоми во цврста структура.
Во светот постојат многу различни материи кои имаат најразлични особини. Тие особини ни помагаат да откриеме за која материја станува збор како и целта за која може да се употреби.
Вискозна материја е онаа која тешко тече. Таа станува таква заради триење меѓу сопствените молекули.
Обработливите материи можат да се обликуваат со удирање. Дуктилните материи лесно се валаат, развелкуваат и извлекуваат.
Еластичните материи лесно се пресуваат и растегаат, а кога ќе се отстрани силата, самите се враќаат во правобитната форма.
Две тела со иста големина не мораат и со еднаква тежина. Тело со погуста материја има поголема маса, затоа што масата во него е позбиена.
За материите кои лесно пропуштаат струја и топлина велиме дека се спроводливи. Многу тврди материи имаат тесно испреплетени атоми, заради што брзо ја одведуваат топлината, па на допир се ладни.
Секоја честичка има и своја античестичка. Исто како што материјата е составена од честички, така и антиматеријата е составена од античестички. Кога материјата ја спојуваме со антиматеријата тие взаемно се уништуваат и се претвораат во енергија.
Согорувањето е спојувањена некоја материја со кислород при што се ослободува топлина. Свеќата се состои од јаглерод и водород. Тие елемнти горат и така настанува јаглерод диоксид и вода.
Во пламенот на свеќата се наоѓаат ситни честички на јаглерод. При горењето тие така се вжештуваат и светат со жолтеникав сјај.
Храната која се раствора во крвта согорува при соединување со кислородот. Ослободената енергија го придвижува и загрева нашето тело.
Повеќето синтетички пластични маси се добиваат од материи кои ги сретнуваме во нафтата и земниот гас. Поливинил хлоридот (PVC) се добива со полимеризација на молекулата хлоретен, т.е. со нивно поврзување во многу долг, т.н. полимерен синџир.
Сите материи со текот на времето природно се распаѓаат, т.е. се разложуваат на едноставни материи. Загадувачите кои не можат да се распаднат остануваат во морињата, реките и атмосферата.
Киселините се материи кои на водата и даваат остар вкус. Базите и даваат на водата сапунест вкус. И едните и другите можат да бидат корозивни, т.е. способни да уништуваат материјал. Јачината на растворот од киселина и база се изразува со единицата pH.
Оваа статија науката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.